Рекламната кампања на Москино во знакот на вкусните модни задоволства

20 август 2014

Првата колекција на Џереми Скот за модниот бренд Москино, се чини дека се вбројува во една од најуникатните и најневеројатните линии кои што ќе ја „тресат“ претстојната сезона.

Магазинот Dazed, едноставно не можеше да ја пропушти можноста да не биде дел од креативниот тим кој работеше на реализацијата на рекламната кампања на брендот во која заштитно лице е Лили Мекменами. Шармантната манекенка мошне успешно се снајде во улогата на келнерка за познатиот ланец за брза храна Мекдоналдс. Лили, на еден невообичаен начин буквално „умираше од досада“, извршувајќи ги работните обврски како келнерка која мора да ги послужува клиентите, да фрла ѓубре и сл.

„Целта на приказната е да се одгатне вистинското значење на животот и пронаоѓање на еден нов и единствен идентитет. Можеби кај дел од луѓето раѓа демотивирачко чувство, но сепак потрагата сè уште продолжува“, велат одговорните на брендот.

Тие едноставно се водат според мотото дека клиентите секогаш ги одбираат најдобрите и повторно се враќаат таму каде што се задоволни од понудата. Во секој случај станува збор за едно поинакво модно доживување и потврда дека модните импулси можат да се сретнат насекаде. Инспирацијата од храната беше доволен стимул кој ја разбуди жедтта за глад кај Скот, а резултатот е повеќе од неверојатен. Погледнете ги фотографиите и кажете ни дали вашите модни апетити ги задоволува оваа интересна кампања.

 

Објавено:
20 август 2014
Категорија: 
Фото галерија