Ретроспективна изложба на модни фотографии на издавачката куќа Condé Nast

17 јануари 2014

Во парискиот моден музеј „Palais Galliera“ од први март ќе биде поставена ретроспективна изложба на модни фотографии на познатата издавачка куќа Condé Nast.

Големата историска изложба ќе опфати период од безмалку еден век и ќе постави ремек дела, 150 модни фотографии  на 80 автори од 1918 година до денес.

На поставката ќе може да се погледнат класиците на култните фотографи како Хелмут Њутн, Питер Линдберг и Вилијам Клајн кои своевремено биле објавени во мгазини како Vogue, W Magazine и Vanity Fair.

Изложбата ќе биде отворена до 25 Мај.

 

Објавено:
17 јануари 2014
Категорија: 
Фото галерија