Еден од најартистичните и најлуцидните едиторијали во кои Ријана се појавила како главна хероина, е последниот нејзин едиторијал за кинеското издание нa магазинот Harper's Bazaar за месец април.

Во фотографската приказна, Ријана е трансформирана во кинеска кралица и ги носи сите обележја на источната култура во нивното најгламурозно издание.

Во флуидот од егзотични принтови и бои, Ријана носи модифицирана, луксузна варијанта на кинеските кимона, секси припиени фустани и накит кој повторно е инспириран од источната култура и позира пред објективот на кинескиот фотограф Чен Ман.

Објавено:
12 март 2015
Категорија: 
Фото галерија