Откако на популарната социјална мрежа Инстаграм се појавија неколку профили на кои можевме да видиме згодни момци како читаат книги насекаде низ светот или како пијат кафе без маички, сега конечно се појави и профил каде можеме да ги видиме секси мажите од париското метро!

Инстаграм профилот е насловен како MecsMetroParis и истиот започна со прикачување на фотографии некаде во февруари и денеска има повеќе од 130 илјади следбеници.

Она што е особено прекрасно, е тоа што не мора да знаете француски за да уживате во овие фотографии на згодни и шармантни момци.

mazi-kniga

Преку истите, за момент ќе се почувствувате како да сте во метро во вашиот омилен град исполнето со најсексапилните момци на светот!

На дел од фотографиите, момците се „фатени“ сосема случајно, но на некои од нив, кога тие ќе го забележат фотографот се насмевнуваат или пак прават некоја шармантна поза.

mazi-metro

Особено впечатлив е секако нивниот стил, што е вистинско олицетворение на она што се нарекува стилски маж од Париз!

Ние веруваме дека веќе го најдовте профилот на Инстаграм, но за почеток, погледнете го нашиот избор!

Merci!

Објавено:
30 март 2015
Категорија: 
Фото галерија