Шанина Шајк не навраќа кон летото со секси фотосесијата за GQ Русија

18 септември 2014

Драги наши момци, октомвриското издание на руското издание на GQ е нешто што дефинитивно вреди да го купите. Во истото, ќе бидете сведок на неверојатните, секси фотографии на прекрасниот ангел на Викторија Сикрет, Шанина Шајк.

И додека сега се прашувате дали таа е сестрата на Ирина, иако сличноста во презимето и физичкиот изглед е неверојатна, ние со жалење ќе мораме да ве разубедиме.

Освен сличното презиме и физичкиот изглед, двете прекрасни девојки немаат ништо друго заедничко.

Неодоливата фотосесија е направена во една прекрасна вила покрај уште поубавиот базен, но сето внимание дефинитивно го одзема 23 – годишната Австралијанка Шанина.

На фотографиите, таа позира во секси тексасни парчиња и аксесоари од крзно, а целата фотосесија е направена од одличниот фотограф Алан Џелати.

Уживајте во фотографиите во продолжение!

Објавено:
18 септември 2014
Категорија: 
Фото галерија