Симбиоза на уметности: Види музика, слушни слика, добиј книга!

24 јуни 2015

Вчеравечер во Градскиот парк во Скопје по осми пат се сплотија различни уметности во еден мултимедијален спектакл „Види музика, слушни слика, добиј книга“ во рамките на кој организаторите Македонската филхармонија и Младинскиот културен центар ја фасцинираа бројната публика со проектот „Бродвеј под ѕвездите“.

Македонската филхарманија во вокална придружба на Сара Мејс изведоа евергирини на кои публиката танцуваше, а уметниците Милан Андов и Стојан Ѓуриќ ги пренесоа своите импресии на платно.

Покрај тоа, на настанот беа поделени и 20 илјади примероци од книгата „Фигури“ од чешкиот новинар, писател и поет Јан Неруда.

Организаторите велат дека симбиозата на музиката, сликите и книгите не е случајна. Изминатите 7 години биле цврст доказ дека настанот е вистински погодок кој нуди уживање на публика од најзазлични возрасти.

 

Објавено:
24 јуни 2015
Категорија: 
Фото галерија