Ако е убаво, тогаш нека биде дупло. Кога љубовните парови, покрај другото се и стилски компатибилни, им симнуваме капа.

Тоа не значи дека нивниот стил треба да биде во двојна, машко-женска верзија, туку едноставно нивниот сензибилитет да се надополнува со што ќе создадат една совршена целина.

Најчесто и стилот на облекување е најдиректен физички одраз на комплетниот животен стил, на нашите афинитети, музички вкус, животната филозофија, па доколку имате слични размислувања со вашиот партнер, тогаш не е невозможно и вашиот визуелен имиџ да испраќа слична порака.

Од глобалната обиколка на најстилските парови од уличната мода, правиме селекција на оние кои што најмногу го привлекоа нашето внимание.

 

 

Објавено:
2 февруари 2015
Категорија: 
Фото галерија