Предизвикот на модните дизајнери и уредници на светски познати списанија секогаш е во насока на што подобра промоција на самите модели и дизајни кои преку креативните идеи на уредниците, и магичните објективи на фотографите треба да раскажат автентична модна приказна.

Секој од нив има различна визија во поглед на избор на раса, тип на тело, изглед на модел и слично. Визионерскиот потфат на Карин Ројтфелд за едиторијалот што ќе се појави во мајското издание на магазинот Harper's Bazaar со наслов  „Beauty“ дефинитивно ја опиша „убавината“ како подарок што доаѓа во различни форми, облици, должини, текстури, бои и физиономии. Неверојатната плејада на фризури и шминка, инвентивни пози и богати модни комбинации, го рангираат овој едиторијал како еден од најдобрите во рамките на пролетните едиции што можевме да ги видиме.

Идеалната симбиоза на различните изгледи, хармонично сплотени во фотографска рамка, дело на фотографот Џони Дуфорт, во комбинација со креативниот дух на единствената Ројтфелд, дефинитивно ја оправдува девизата „една фотографија, илјада зборови“.

Објавено:
3 април 2014
Категорија: 
Фото галерија