Срамежливото сонце кое нѐ изненади деновиве беше доволна причина да излеземе на скопските улици и со нашиот објектив да ги документираме сите оние мали модни приказни на поединци кои заеднички ја создаваат неповторливата слика на градот. Иако оскудни, сепак сончевите зраци очигледно позитивно влијаеле на сите оние урбани ликови кои случајно ги пресретнавме на улица бидејќи неизбежно беше, а да не се приметат инвентивните стајлинзи во кои доминираше индивидуалноста. Забележавме микс од стилови, се чувствуваат вибрациите на западната улична мода и изгледот што го наметнуваат комерцијалните брендови, но сето тоа спакувано на еден посебен начин. Слоевито споени сакоа и палта, плетени блузони, лежерни здолништа, весел колорит и неизбежен џинс.

 

Објавено:
28 јануари 2014
Категорија: 
Фото галерија