Унисекс изгледот е најактуелен низ улиците во Париз

28 февруари 2014

Во време кога се одржува Париската модна недела, освен модата и изгледите,  во оваа модна престолнина ништо друго не е во центарот на вниманието. Свесни за сите синоними кои им се доделуваат поврзани со модата, Парижани од секој аспект се трудат да бидат се само обични не, односно се обидуваат да го облечат најчудното на себе, за да бидат забележани од фотографите. Од обемната галерија која имате можност да ја погледнете во продолжение, ќе забележите повеќе ексцентрични изгледи, а многу помалку од оние едноставните со строги кроеви и монохроматски бои. Познати по тоа дека ги обожаваат патиките за играње тенис, комбинирани со чорапи кренати високо, тие ги спојуваат дури и со свечени вечерни парчиња. Во секој случај,  во преден план е унисекс изгледот, па така освен девојки и жени со предимензионирани машки палта и панталони, ќе видите и мажи кои носат женски модели на палта.

Од аксесоари задолжителни им се очилата со огромни рамки, чевлите на висока платорма, а многу ретко ги применуваат високите потпетици, додека  рамните чевли се „must have“ од сечиј стил.

Објавено:
28 февруари 2014
Категорија: 
Фото галерија