Виенски бал: Елеганција во ритамот на валцерот

9 март 2014

Вчера вечер во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, се одржа 15-тото јубилејно издание на културно-уметничката манифестација Виенски бал.

Врвното културно збидување е резултат на успешната австриско-македонска соработка на поле на културата и уметноста, а е во организација на Здружението за културна соработка „Јохан Штраус“ и покровителот на настанот Амбасадата на Република Австрија во Република Македонија.

Во ритамот на познатиот Виенски валцер танцуваа познати личности од културниот, уметничкиот и бизнис секторот, но и политичари и припадници на дипломатскиот кор. Меѓутоа, програмата дополнително ја збогатија  уметниците кои го пренесоа духот на Виена во Скопје, оркестарот „Јохан Штраус“, Саша Николовски-Ѓумар диригираше со талентираните инструменталисти, а на звуците од познатите класици, но и македонски евергири играа професионалните танчари од  „Прима данца“.

Дрес кодот кој специјално го диктира ваквиот тип на настани е еден од основните предуслови за да се биде дел од случувањето, меѓутоа колку се почитува и се одговара на стандардите, останува на индивидуалниот избор на гостите. Во продолжение погледнте ја галеријата која ќе ви пренесе дел од амбиентот, а во меѓувреме ви најавуваме и детална анализа на изгледот на присутните гости.

Шармантната Сара Мејс во елегантен фустан на Елена Лука Шармантната Сара Мејс во елегантен фустан на Елена Лука

APS_8528

APS_8541

APS_8570

APS_8693

 

Објавено:
9 март 2014
Категорија: 
Фото галерија