Зое Кравиц е рок божица за насловната на Ocean Drive

26 февруари 2015

Актерката Зое Кравиц која важи за олицетворение на рокерскиот имиџ на нејзиниот татко, популарниот рокер Лени Кравиц, воодушеви со фотографиите за едиторијал и насловна страна за магазинот Ocean Drive.

Егзотичната Зое е дефиниција за рок божица, благодарение на цврстиот став, долгата коса сплетена во плетенки, футуристичкиот накит и монохроматските сексапилни фустани со високи шлицови и разголени делови.

Таа подеднакво воодушевувачки изгледа и во комбинациите на Версаче, Ентони Вакарело и во фустаните од Costume National и Филип Плеин.

Во интервјуто за магазинот таа зборува за новиот филм „Mad Max: Fury Road“, како и за нејзините родители.

Објавено:
26 февруари 2015
Категорија: 
Фото галерија