Астро стил: Девиците се класичари што совршено ја користат моќта на модата

24 август 2018

Девици среќен роденден! Од вчера па до 22. септември ќе биде вашиот омилен период. Ние овој пат обрнуваме внимание на вашиот стил. 

Интересно кај Девиците е што како земјен знак се приврзаници на класиката. Но, од друга страна некои од најголемите модни познавачи и трендсетери се токму припадници на овој астролошки знак. Тоа веројатно доаѓа од потребата за авторитет и доминација, која секако ја поседуваат. Тие сакаат да ги диктираат нештата, па така и во модна смисла. Доволно е само да се каже Бијонсе или Мајкл Џексон и да сфатите на што мислиме.

Општо познато е дека Девиците се најпедантните претставници во целиот зодијак, а посебно внимание обрнуваат на деталите. И во животот и во модата. Тоа важи и за машките и женските претставници. Исто така, особено им е важно тоа што го носат да е функционално. 

Меѓу омилените бои им се нијанси на сина, темнокафена и беж, но сепак се отворени кон колоритни комбинации, сè додека тоа се вклопува во нивната замисла за тоа како треба да изгледаат. Машките Девици исто така внимаваат на детали, ја сакаат модата, но и оделата, кои им прилегаат одлично.

Исто така, модните додатоци се неизбежен дел од нивниот стил - не е важно дали се работи за накит, чанти или очила за сонце. Девицата никогаш не излегува од дома без ниту еден моден додаток.

И за крај, Девицата не прифаќа компромиси и слабост, затоа мора секогаш да изгледа добро. Дури и одвнатре да се распаѓа, нејзината надворешност ќе биде совршена. Затоа, облеката и начинот на кој ќе се презентираат за нив не е нешто наивно.

 

Камерон Дијаз 30.08.1972


Бијонсе 4.9. 1981


Кијану Ривс 2.09.1964


Селма Хаек 2.09. 1966


Принцот Хари 15.09.1984


Пинк 08.09.1979


Том Харди 15.09.1977


Хју Грант 09.09.1960


Никол Ричи 21.09 1981


Зендаја 01.09.1996


Софија Лорен 20.09.1934

 

 

 

Објавено:
24 август 2018
Категорија: 
Моден хороскоп
Прочитано:
1.503 пати