Астро стил: Раковите знаат на совршен начин да ги спојат класиката и трендот

22 јуни 2018

Почна астролошкиот месец на Раковите, па токму затоа се посветуваме на стилот што го негуваат. Како што кажува насловот, тие знаат најдобро да ја спојат класиката со трендовите.

Од една страна се традиционалисти и ги сакаат таквите парчиња. Но, од друга, ги следат трендовите и наоѓаат начин како да ги имплементираат во својот стил.

Постојат Ракови што се држат до проверената естетика и бираат најчесто монохроматски комбинации или веќе проверени, како црно-белата на пример. 

Од друга страна, постојат претставници на овој зодијачки знак што уживаат во истакнување на нивната романтична страна. Карнери, принтови, пастелни бои, нежна тантела, тоа се нештата што ги носи жена Рак кога сака да ја истакне својата романтична и нежна страна.

Сетете се на некоја жена во вашиот живот од овој хороскопски знак - веројатно ги дели овие карактеристики.

Раковите се интересен спој на сензибилитети, па чисто за споредба, една Мерил Стрип која се држи до класиката и на пример Синди Лупер или Деби Хари го делат хороскопскиот знак, со претставување на неговите две естетски страни.

Машките претставници се држат до темните бои и стилот кој што се движи помеѓу оделата со строг крој и џинс и блузи...

Во продолжение погледнете како се облекуваат дел од познатите што го делат овој хороскопски знак.

 

Џорџо Армани

 

Бенедикт Камбербач

 

Вера Ванг

 

Дајан Кругер

 

Принцезата Дајана

 

Леа Сејду

 

Том Круз

 

Лив Тејлор

 

Маргот Роби

 

Палома Фејт

 

Мерил Стрип

 

Том Хенкс

 

Селена Гомез

 

Софија Вергара

 

Џош Хартнет

Објавено:
22 јуни 2018
Категорија: 
Моден хороскоп
Прочитано:
1.082 пати