Астро стил: Романтичните Ваги не можат без огледало

24 септември 2018

Од вчера па до 22. октомври е месецот на Вагите. Овој пат фокусот го ставаме на стилот на претставниците на овој зодијачки знак. Воедно, во продолжение ќе ви презентираме и со кои познати личности го делите знакот, а од кои можете да се инспирирате и за стилот.

Како да препознаете дека некој е Вага?

Еден од првите знаци е тоа што Вагите не можат без огледало. Пред да излезат од дома, тие многу долго време ќе го проверуваат својот стајлинг, кој мора да биде доведен до совршенство.

Не излегуваат без кармин и совршено наместена фризура. Кога е облеката во прашање, и машките и женските Ваги се држат до свои правила. Мажите ги сакаат еднобојните комбинации, без претерани модни експерименти, но не може да се рече дека не ја следат модата. Кај нив секогаш ќе забележите детаљ кој е апсолутен тренд. 

Од друга страна, женските Ваги се модно храбри. Ги сакаат принтовите и впечатливоста. Од розова и пастелно сина до темновиолетови и темнозелени тонови, нивната палета на омилени бои е голема, но сепак доминираат потемните тонови и  кога е облеката во прашање и шминката.

Марамите се омилен моден додаток, а посебно внимание обрнуваат и на изборот на чанти.

Во продолжение погледнете со кои ѕвезди го делите хороскопскиот знак:

Гвен Стефани - 3. октомври

 

Дакота Џонсон - 4. октомври

 

Сузан Сарандон - 4.октомври

 

Алисија Викандер  - 3. октомври

 

Бри Ларсон - 1.октомври

 

Гвинет Палтроу - 27.септември

 

Кетрин Зета Џонс - 25. септември

 

Мет Дејмон - 8. октомври

 

Сигурни Вивер 8. октомври

 

Наоми Вотс - 28. септември

 

Стинг - 2. октомври

 

Ким Кардашијан - 21. октомври

 

Бруно Марс - 8.октомври

 

Рајан Рејнолдс - 23.октомври

 

фото извор: pinterest.com; harpersbazaar.com; blog.stitchfix.com;

Објавено:
24 септември 2018
Категорија: 
Моден хороскоп
Прочитано:
384 пати