Хороскоп: Помалку е повеќе во стилот на Скорпијата

25 октомври 2018

Леонардо ДиКаприо, Ен Хатвеј, Пабло Пикасо, Грејс Кели, Рајан Гослинг, Џулија Робертс, Деми Мур, Винона Рајдер – покрај тоа што се работи за славни личности, овие имиња ги поврзува и хороскопскиот знак Скорпија.

Меѓу карактеристиките што важат за препознатливи за овој хороскопски знак (23 октомври – 21 ноември), ние фокусот го ставаме на стилот.

Грејс Кели

А со оглед на тоа кои познати имиња се родени во знакот на Скорпија и каков е нивниот визуелен имиџ, може да генерализираме дека претставниците на овој знак поседуваат изострена естетика.

Во карактеристиките што се наведуваат за Скорпиите се набројуваат и страсни, моќни, мистериозни, сексапилни, темелни – а сите овие епитети може да ги додадеме и во однос на нивниот стил.

Неутралните тонови и едноставните линии доминираат во нивниот плакар. Драматичните дизајни, нападните принтови и дезени, како што се животинските, многу ретко или воопшто не се застапени во нивниот стил.

Деми Мур

Базичните парчиња, што важат за безвременски, најчесто се на врвот на нивната листа на омилени. „Помалку е повеќе" – е фразата што го дефинира нивниот стил, а тоа упатува на нивните симпатии кон минимализмот и едноставноста.

Покрај естетиката, функционалноста и практичниот изглед се исклучително важни за Скорпиите. Затоа, при купувањето облека секогаш внимаваат на удобноста.

Во приликите што дозволуваат, Скорпиите секогаш знаат на вистински начин да го истакнат својот сексапил.

Среќен роденден Скорпии!

Џулија Робертс Пикасо Леонардо ДиКаприо Рајан Гослинг Винано Рајдер Ен Хатвеј

 

Објавено:
25 октомври 2018
Категорија: 
Моден хороскоп
Прочитано:
766 пати