ОВЕН

21 Март – 20 Април

Дали навистина поради вашата романса и занесеност треба да ги заборавите пријателите. Не бидете опсесивни кон вашиот потенцијален нов партнер, има место и време за секого. Бидете тимски играч, тоа ве одржува во животот. Ако веќе почнувате нова авантура немојте да се изненадите од последиците после тоа искуство. Задржете си го сепак здравиот чекор.

Подарете некому нешто, направете да се почувствувате посреќно.

 

БИК

21 Април – 21 Мај

Можете да додадете малку драма во вашиот живот. Декорирајте го домот, освежете го со детали кои ќе ви помогнат да се чувствувате пријатно и релаксирано. Љубовта која ја доживувате во овој период може да доживее извесни последици и тоа само поради вашата суетност. Што се однесува до финансиската ситуација: бидете внимателни, следува ризичен период.

 

БЛИЗНАЦИ

22 Мај - 21 Јуни

Љубовта и парите одат рака под рака овој месец за ваша среќа. Но во овој период ќе откриете до каде може да одите со сите ваши планови кои веќе подолг период ги мислите. Ако сакате повеќе љубов тогаш не ги штедите вашите емоции и безрезервно дадете се што вашата интуиција ви говори. Ако сакате да инвестирате во нешто слободно направете го тоа, овој период ви е потполно наклонет.

Што се однесува до здравјето, одете почесто во природа, посветете се малку на самите себеси, одамна не сте го сториле тоа.

 

РАК

 22 Јуни - 23 Јули

Ги испраќате ли вистинските сигнали? Можеби е вистинското време да поработите на тоа како вие комуницирате со луѓето. Многу повеќе самодоверба ќе ви дадат огромни резултати и кога станува збор за романса, родители, колеги на работа. Некаде по пат сте се загубиле. Не ја гледате големата слика, сте се задржале на оние ситни, мали неважни работи кои ве спречуваат да остварувате поголеми дела.

 

ЛАВ

24 Јули - 23 Август

Вие сте ѕвездата на овој месец. Каде и да се движите ќе привлекувате внимание. Ќе заборавите на сите непријатности кои ви се случуваа изминатиов период. Вчерашните вести не ве засегаат. Што потрошивте досега тоа е доволно, следува период на штедење. Но ,она што имате во плакарот за овој период е сосема доволно да заблескате.

Што се однесува до односите со вашите пријатели, седете си малку на страна, не се вовлекувајте себеси во непотребни конфликти. Некогаш е доволно да сослушате без да коментирате.

 

ДЕВИЦА

24 Август - 23 Септември

После долг период на неверување на околностите во кои живеете, доаѓа период на исклучителна љубов, финансиска стабилност, среќа која ќе ве исполни. Би било добро да се посветите малку на здравствената состојба која повеќе од сигурно ја запоставувате. Застанете на здрави нозе и размислете дали треба да сте опкружени со исти луѓе.

За промена, развеселете се со тиркизни парчиња. Работете на вашата самодоверба.

 

ВАГА

24 Септември - 23 Октомври

Опкружени сте со неколкумина интересни луѓе околу вас, кои ќе ве изненадат со некои за вас шокантни постапки. Возможно е да не ви се допадне начинот на кој ќе се однесуваат со вас, но мора да ја разберете пораката, понекогаш е добро да сте лути и да знаете да кажете каде му е местото и до каде можат да одат. Тоа пак не мора да значи да ги отфрлите од вашиот живот, туку напротив да им укажете и да помогнете. Не смеете повеќе да дозволите да ги криете нештата кои сакате да ги соопштите.

Поработете овој период на самоанализа, дозволете си да бидете креативни во секој поглед, премногу премолчувате, само пуштете ја енергијата.

 

СКОРПИЈА

24 Октомври - 22 Ноември

Вашата кариера од секој аспект има голем просперитет. Но, од друга страна, вие морате малку да се посветите и на прочистување на списокот околу себе. Потсетете се себеси на старата листа на пријатели, таа енергија ви е потребна во овој период.

Ви претстои романтична врска, избегнувајте ја и самата помисла на страв од вљубување. Љубовта ќе ви донесе уште поголеми успеси.

 

СТРЕЛЕЦ

23 Ноември - 21 Декември

Откако си дадовте малку слободно време, сега треба да се вратите на динамичната форма за да се вратите и да реализирате извесни планови. Возможно е да се залажувате дека имате проблеми на работа, а да не го гледате вистинскиот проблем во себеси. Вие мора да сте свесни дека работата е таа која ве прави среќна, а среќата ја кроиме сами по сопствен терк.

Ако веќе сте на одмор, задолжително земете книги и на тој начин опуштете се. Дозволете си медитации, утринско трчање.

 

ЈАРЕЦ

22 Декември - 20 Јануари

Сите оние препреки кои ви стоеја на патот, полека но сигурно ви се отстрануваат. Вашата сензуалност повторно доаѓа до израз и возможно е да ве доведе до неочекувани ситуации на кои ќе се радувате. Внимавајте како се однесувате со парите следува период кога ќе имате, но и неочекувани трошоци. Можеби ќе треба некаде да помогнете.

Ако имате било каков страв соочете се со него и терајте ја работата до крај: не дозволувајте друг да решава во ваше име.

 

ВОДОЛИЈА

21 Јануари - 19 Февруари

Ако сакате да бидете забележани почнете да се дружите со луѓе кои не се оптоварени со ноторни глупости. Вие зрачите со неверојатна светлина и веќе од следниот месец ви се отвораат светли патишта, затоа верувајте во себе. Задолжително направете план што сакате да постигнете и дали имате крајна цел воопшто.

Советувајте се со некој кој може да ви помогне околу вашата работа, идеја, бизнис. Отворете го вашето срце за љубов и сакајте се околу себе.

 

РИБИ

20 Февруари  - 20 Март

Овој месец посветете си го сами на себе. Изменете го досегашниот код со кој комунициравте со околината. Верувајте си на вашиот инстинкт. Потрошете некој денар за себе, редно е да се освежите. Ако сте на одмор потполно сменете ја матрицата и на вашето однесување.

Дајте си време, дајте си простор, вие тоа го заслужувате.

Објавено:
9 август 2016
Категорија: 
Моден хороскоп
Прочитано:
3.645 пати
Тагови: 
хороскоп