ОВЕН

21 Март – 20 Април

Јули е месец во кој ќе ја покажете вашата природа и склоност кон изневерување. За вас е подобро да седите мирни и да не преземете никакви акции како на приватен така и на професионален план. Овој период искористете го да ги постигнете веќе зададените цели.

Се до 23-ти јули ќе имате семејни проблеми кои ќе надвладеат над професионалните. Последната недела од јули ќе успеете некако да го надвладеете стресот затоа што ќе имате забави и дружења.

Проблемот со Вашата кариера немате, барем во овој месец, но возможно е да бидете игнорирани. Можно е и да смените работа, но нема да имате финансиска промена. Оној кој ќе Ве подржи финансиски е Вашето семејство. Оние кои се сами, во  овој период им следува нова љубов, повеќе романтични среќавања и повеќе динамичност.

Што се однесува на оној момент за шопинг, ова е ваш период. Период кој  со малку креативност ќе може да комбинирате со она што ќе изберете да го купите како ваше омилено парче, со оглед на тоа дека ви следуваат и некои здравствени причини може да се израдувате самите. Она на што треба да внимавате е диетата која треба да ја практикувате, а ја избегнувате подолго време.

Изразувајте се себеси како вистински трендсетер. Комбинирајте ги парчињата од различни брендови и дизајнери. Креирајте си свеж изглед, светли тонови за овој период. Бидете поинакви. Светла мисла, светол изглед.

 

БИК

21 Април – 21 Мај

Овој месец е ваш месец, на професионален и емоционален план го достигнувате врвот. Семејството и блиските луѓе околу вас ќе ги дистанцирате. Ова е добра шанса за вас да го искористите слободното време за идни стратегии во врска со вашата професионална определба. Иако ситуацијата од финансиски аспект ви е подобра од онаа во јуни, вашата желба и потреба да инвестирате е посилна од се останато. Претпочитате да ги зачувате покрај вас оние во кои сте вљубени, и нема да згрешите оти во овој период ако успеете да се посветите на вашата љубов, ќе ви се врати многу повеќе. Емотивната среќа ќе ја надополни вашата креативна состојба. Но, малку треба и да одморите од напорниот период кој ви претходеше.

Класични форми ве карактеризираат секогаш, но обидете се со неутрални бои и задолжителни модни додатоци. Освежете го вашиот изглед со модни додатоци, некое ланче. Шапката е задолжителна овој месец за вас.

 

БЛИЗНАЦИ

22 Мај - 21 Јуни

Овој месец парите ќе ви бидат приоритет на листата. Се што сте планирале претходно ќе мора да го одложите .Не започнувајте нов бизнис и не менувајте работно место, затоа што овој период не ви е воопшто наклонет кон такви одлуки. Вие сте интелигентни, но во исто време вашата вознемиреност може да ве доведе до ситуација да донесете погрешни одлуки. Задолжително мора да земете одмор овие денови и да не се грижите, пуштете ги работите да пловат. Од друга страна, ако периодов не ви е наклонет да инвестирате во однос на бизнис, тогаш може да се опуштите и да си купите нешто што одамна посакувате, луксузно парче за кое одамна копнеете.

Ви претстои романтична врска, за оние што се сами, а пак оние кои се во брак или имаат врска се ќе е сигурно и под конец. Избегнувајте непотребни нервози и конфликти. Ништо добро нема да ви донесат.

Експериментирајте со колорити, практично облекувајте се. Овој месец заборавете на она што сте се навикнале да го носите, си здодеавте самите себеси. Некој лелеав оутфит во овие жешки денови и нема да згрешите. Вратете се на бохо.

 

РАК

 22 Јуни - 23 Јули

Извонреден месец каде парите може да ги распоредите каде сакате и со било која намена, а притоа да не згрешите. Возможни се извесни проблеми во семејството кои не ги очекувате.

Она што ве мачи со вашиот партнер ќе ви одземе драгоцено време за да ги оправите работите и да откриете нешто пред кое сте замижувале долго време. Кога ќе се соочите со тие работи, возможно е да има иднина врската во која вложувате.

Што се однесува до вашиот професионален ангажман, ви следува напорен период исполнет со многу труд, амбиција за некој нов работен предизвик, па дури и нова работа. Ќе имате свежи идеи кои ќе ви помогнат да ја подобрите вашата финансиска ситуација.

Осамените ќе најдат нов предизвик, романса и ќе ја искажат потребата да ги соопштат своите чувства. Односите со семејството се одлични како и здравствената слика.

Лежерно, откачено, функционално. Вие не сакате да се откажете од вашите омилени еспадрили и летни папучи. Маичките со принт ви се фаворит како и лесните ткаенини, неутрални бои.

 

ЛАВ

24 Јули - 23 Август

Овој период семејните проблеми ќе надвладеат над вашите професионални обврски. Имате доволно можности да постигнете цели кои ви се испланирани претходно. Слободно може да ги искористите сите ваши алатки да ја постигнете целта. Водете се од позиција на вашата интуиција и нема да згрешите. Помалите проекти ќе ги завршите без никаков проблем, но кога станува збор за оние поголемите ќе ви треба период од неколку месеци. Нема да имате проблем со пари овој месец, ова е ваш месец без грижи за финансии. Ако имате шанса да инвестирате некаде нема да згрешите, напротив вистинска одлука. Љубовта ќе ја заборавите овој месец, едноставно не сте стабилни ниту пак сигурни во тоа што го сакате. Можни се разделби и не е погоден месец за извесни веридби и венчавања. Треба да посветите време на вашето здравје, препорачано е да пробате јога. Посветете се на медитации. Ќе сретнете луѓе кои дополнително ќе ве мотивираат.

Вашиот софистициран вкус не ве напушта во овој жежок период. Би било добро да се опуштите и да експериментирате со лелеави форми, светли тонови и шапки. Модните додатоци овој месец се часовник и нараквици.

 

ДЕВИЦА

24 Август - 23 Септември

Ви претстојат семејни драми. Ќе сакате некако тоа да го исфрлите од себе поради вашето лично чувство и здравје, иако се наведува на тоа дека ќе се отуѓите од оние кои најмногу ги сакате. Време кога треба да носите тешки одлуки, не сте сосема сигурни дека би биле исправни и доследни. Во однос на вашата кариера ќе ги постигнете можеби најдобрите резултати и тоа со помош на вашето семејство. Парите доаѓаат од вашата плата, иако сакате дополнителни приходи ќе мора повеќе да се потрудите. Што се однесува на љубовта, не ви се наклонети енергиите, време е малку повеќе да се дадете себеси и да не се повредувате ако некој ве повреди со некоја постапка. Оние кои се во брак ќе имаат стресен период. Проблеми имате со тироидната, дијабетес, холестерол. Месец полн со нервози.

Наспроти сите правила, игнорирајте ги модните трендови, опуштете се. Можеби овој период ви треба се да оставите настрана и да се освежите со некоја книга. Заборавете на мода овој месец.

 

ВАГА

24 Септември - 23 Октомври

Внимавајте како ги носите своите одлуки, треба да преземете одговорност во однос на вашата самодоверба наспроти вашата чувствителна страна. Сите информации кои стигнуваат до вас треба да ги проверите неколку пати пред да се согласите на било што. Вагите овој месец ќе го достигнат врвот во однос на својата работа. Идеален период да си основате свој бизнис, да ја поткрепите својата кариера. Ако ве заинтригира некој оглас за работа, слободно проверете ги опциите.

Романтичен период за вас, исклучително добар период за повторно раѓање на нова љубов, нова романса. Немате проблеми со здравје периодов, повеќе одмор и ако се чувствувате изнемоштено сменето го начинот на исхрана.

Вагите се елегантни и во постојана потрага за совршена хармонија. Посветете се на памучни, ленени ткаенини. Не штедете на обувки, подарете си себеси едноставен модел, некоја темна боја. Избегнувајте блескави моменти, задржете ја префинетоста која ја носите природно во себе.

 

СКОРПИЈА

24 Октомври - 22 Ноември

Скорпиите овој месец би требало да преземат некои ризици како професионално, така и во емотивниот живот. Конечно во вашата врска која ја имате треба да ги преземете работите во свои раце ,следуваат комплицирани разговори.

Што се однесува за вашата работа, имате неверојатна шанса да ги испробате сите опции кои сте ги планирале, и попатно не го губите ентузијазмот. Одличен период за вашиот професионален живот. Ќе имате поддршка од семејството и пријателите. Финансиската состојба е повеќе од одлична. Ќе имате приливи од неколку страни, но не инвестирајте ако се бавите со берза.

Слободните скорпии ќе се вљубат во некој странец, а ако сте веќе во врска ќе имате патување на кое ќе ја продлабочите вашата љубов. Оние кои се во брак, ова е период за многу страст и љубов.

Во модниот свет има многу личности родени во овој знак и тие се присутни во секој сегмент во модната индустрија. Екстравагантноста како заштитен знак постојано ги следи. Овој месец може да експериментирате со бои кои ќе ја изразат вашата жестокост и ранливост која многу умешно знаете да ја скриете. Моден додаток, некоја летна чанта. Секако не штедете на козметика овој месец.

 

СТРЕЛЕЦ

23 Ноември - 21 Декември

Јули е месецот кој е подобар за вашата кариера многу повеќе отколку личниот живот. Во овој период најмногу ќе ви треба поддршката од пријателите за да ги постигнете целите кои ви се приоритет. Ако сакате да смените работа ова е моментот,особено ако сакате да започнете свој бизнис. Можно е да добиете пари од неочекувана страна. Ќе отплатите долгови и некако ќе бидете растеретени. Нема да имате романтични приказни овој месец, но либидото ќе ви биде доминантно. Ако сте во врска ви претстои конфликт. Потребна ви е диета и вежбање.

Познати како љубител на удобни обувки и слобода во модното изразување овој период обидете се со индиго момент. Сакате никој да не ви пречи кога се работи за купување облека. Задржете го тоа и подарете си скапо парче.

 

ЈАРЕЦ

22 Декември - 20 Јануари

Ваш месец, период кога сте најисполнети иако нема да дозволите да немате контрола врз вашата работа. Се уште имате сила да ја видите светлината на крајот од тунелот. Каде и да ве повикаат, не одбивајте, не знаете каде ве чека среќата.

Оние кое се во потрага по љубов,ќе ја најдат и ги очекува брак. Од аспект на социјализација, ќе запознавате нови луѓе и ќе имате нови пријателства.

Вежбајте и вратете се на диета.

Ги избирате трендовите многу порано од сите. Имате чувство како да се изразите себеси преку облеката која ја купувате .Самодовербата е момент кој ве ослободува да си играте со боите. Спортски и кежуал е задолжителен момент овој месец.

 

ВОДОЛИЈА

21 Јануари - 19 Февруари

Водолиите овој месец ќе бидат расположени за романтична љубов. Можно е да имате понуда за нова работа, да го смените правецот на вашата кариера и на тој начин да добиете извесни привилегии. Ако успеете во менаџирање на проектите ви следува огромен финансиски бенефит. Да, ќе имате  многу работа и ќе направите есенцијални измени, но сето тоа ќе ви донесе добивка. Не се откажувајте колку и да имате препреки пред вас.

Потребна ви е многу поголема самодоверба ако сакате да најдете партнер кој ќе ве сака и ќе биде покрај вас. Здравјето ве служи, пливајте колку што можете во животот кој го живеете.

Можеби е време да ги оставите вашите патики да се одморат. Маички со принт, неутрални кратки панталони и задолжителни тренд влечки. Заборавете на белите маички и џинсот кој не го соблекувате. Комбинирајте свежи пастелни бои, ќе ви влијае добро и на расположението.

 

РИБИ

20 Февруари  - 20 Март

Месецов е мирен, иако вашиот фокус ќе биде кон кариерата и вашите деца. Од 23ти јули ви претстои нова работа која ќе ви донесе големи успеси. Најдете си ја вашата омилена работа. Од финансиски аспект сте повеќе од одлични. на крајот од месецот ќе се соочите со некои предизвици на вашето работно место со ќе се справите лесно со нив. Оние кои се сами ќе си го најдат партнерот на својот живот и ќе ја крунисаат својата љубов со брак. Малку одморете од вашето вртење во круг, имате право да сте релаксирани и среќни. Време е да уживате во животот и во љубовта.

Претпочитајте памук и лесни ткаенини. Ги заборавивте високите потпетици кои се вашата прва љубов. Долги здолништа, голи раменици. Се ви е дозволено. Бидете заводливи и опуштете се.

Објавено:
30 јуни 2016
Категорија: 
Моден хороскоп
Прочитано:
8.534 пати
Тагови: 
хороскоп