Есента официјално почна. После, за повеќето тешкиот септември, прочитајте што ве очекува во новиот месец. И секако, во кои бои и парчиња ќе блеснете овој октомври.

Овен

21 Март – 20 Април

Месецот вклучете ги вашите одлични преговарачки способности, бидејќи ќе ви донесат успех. Ѕвездите ќе ви бидат наклонети на професионален план и доколку барате нова работа. Со самото тоа и финансиите значително ќе ви се подобрат. А октомври убави денови носи и на љубовно поле. Несогласувањата од минатиот месец конечно ќе се решат, па ќе уживате во друштвото на партнерот. Ако сте сами, тогаш ќе се забавувате речиси цел месец, ќе флертувате, од што ќе се изродат и неколку авантури. За сѐ што ве очекува месецов, ќе ве послужи и здравјето и може да се рече дека почнува новата страница од вашиот живот. А како шлаг на торта нека биде и некое ново парче, а оние во принт месецов се идеални за вас. Во октомври ставете ја удобноста пред елегантноста.

Бик

21 Април - 21 Мај

Месецов повеќе ќе бидете посветени на работата отколку приватниот живот. Но, оваа вест е добра бидејќи ќе ви донесе поволни промени во деловниот живот – успеси, нови партнерства... Можеби и по некое разочарување, но нема да се одрази многу на идните планови. Иако ова ќе ви го окупира вниманието, сепак во октомври ќе зрачите со привлечност. Љубовта можете многу лесно да ја пронајдете во кругот на блиските пријатели. Затоа, не двоумете се да излезете на некоја забава и да заблескате. А ако е веќе покрај вас, не губете ги нервите. Нека настапи трпеливоста на сцена, не вреди поради ситници да ги расипувате односите со партнерот. Потрудете се, иако веројатно ќе ви биде потешко да премолчите и најтривијални нешта. И здравјето ќе ве служи месецов одлично, ќе бидете во комплетен баланс, конечно! Само, не кратете си го сонот. Со оглед на убавите аспекти овој октомври, после долго време, не скратувајте си го задоволството да се подновите со некое есенско парче. Дали ќе биде тоа плетен фустан, некои убави високи чизми или мантил одберете сами. А можете да се одлучите и за некој кадифен детаљ.

Близнаци

22 Мај - 21 Јуни

Убав месец за близнаците, особено оние што се во очекување на официјализирање на врската. Љубовта ќе цвета, па дури и да сте сами, статусот ќе го смените, а емоциите ќе бидат постојани. Убавите емоции, ќе придонесат и за успех на работното место, бидејќи мозокот ќе ви работи брзо (секако!) и интелектуално ќе се покажете во вистинско место. Ви претстојат и успешни деловни патувања. Не ги одбивајте деловните понуди, дури и ако во прв момент не сте воодушевени. Тоа ќе биде одлична шанса да се подновите со некое есенско парче. Препорачуваме да биде елегантно и женствено. Нежните бои ќе ви дадат сосема нов лик. Со оглед на тоа дека сте љубители и на принтот, вметнете го онака како што вие најдобро се чувствувате. Она на што посебно треба да внимавате месецов е здравјето. Иако се подобрува, внимавајте на сингалите што телото ви ги праќа.

Рак

22 Јуни - 22 Јули

Тежок месец на работното место, во смисла дека ве очекуваат многу обврски и одлуки што треба да ги донесете. Се работи за големи одлуки, затоа добро промислете. Напнатоста на работното место сепак, нема да ја намали поволната емотивна состојба. Месецов ќе бидете сакани и уште повеќе ќе се зближите со партнерот на сите полиња. Оние што до сега беа несигурни во каков однос се, сега ќе го зацврстат. Октомври е месец кога мора да внимавате на финансиите. Не трошете без потребно. Купувајте паметно. Одберете едно парче, ама квалитетно. Наш предлог е нешто во портокалова или темновиолетова нијанса, без разлика дали се работи за облека или моден додаток. Одлично ќе ви прилега. За добрата здравствена состојба многу ќе ви помогне топлата семејна атмосфера. Сѐ е до размислувањето.

Лав

23 Јули - 23 Август

Досега планиравте, а месец октомври е идеален за започнување на реализацијата. Сѐ што ќе започнете сега ќе резултира со успех. Но, во емотивниот живот ќе треба малку да се смирите. Слушајте го партнерот и избегнувајте ги несогласувањата. И слободните да внимаваат и внимателно да ги следат знаците на симпатијата. Ако ги надминете сите несогласувања, врските ќе станат уште поцврсти. Бидејќи секогаш сте активни, во октомври запрете малку и одморајте. Ако имајте време и вежбајте, вратете го балансот во организмот. А за доброто расположение почестете се со нешто трендовско. Нека биде во кафени нијанси и нека биде впечатливо. Вие лавовите и не умеете поинаку!

Девица

24 Август - 23 Септември

Концентрација и компромис се зборовите што ќе ви го одбележат октомври. Концентрацијата ќе ви биде најпотребна на работното место, особено ако се занимавате со финансии и низ вашите раце има голем прилив на пари. А компромисот ќе ви помогне да ги надминете сите несогласувања со партнерот. Не може да биде секогаш како што вие посакувате, иако тоа тешко ви паѓа. Бидете трпеливи и убавите денови ќе бидат тука побрзо одошто мислите. Но, затоа здравјето ќе ви биде одлично. Спортувајте повеќе и така подобрете си го расположението. Како љубители на шопингот, месецов не трошете премногу, но дозволете си некоја убава деловна комбинација, со оглед на активностите што ќе ги имате. Сината и црвената настапуваат месецов.

Вага

24 Септември - 23 Октомври

Среќен роденден Ваги! Вие сте сега свои на своето. Тие што се занимаваат со работа што е базирана на комуникација, ќе имаат неверојатен успех месецов. Но, и не само на работното место. Комуникацијата ќе биде клучна и во љубовниот живот. Сега ќе биде време на големи одлуки, чиј резултат секако ќе биде во ваша полза. Единствено октомври нема да им биде наклонет многу на оние со статус „сингл“. Но, тоа не значи дека треба да се затворите дома. Напротив, познанствата што ќе ги остварите месецов ќе резултираат со успех во некој од наредните. А за тие активности треба да изгледате убаво, на што отсекогаш и сте внимавале. Бордо нијансите се создадени за вас месецов, а ако ги преферирате понежните, тогаш беж нијансите се добредојдени. Во одлична здравствена состојба сте. Одбегнувајте ги луѓето со негативна енергија и задржете ја насмевката месецов.

Шкорпија

24 Октомври - 22 Ноември

Мали љубовни турбуленции на Шкорпиите овој октомври. Иако ќе бидете полни со енергија, сепак она што ви е потребно сега е да забавите малку и да ги донесете вистинските одлуки, независно дали сте во врска или не. Кога ќе го решите тоа, ќе бидете понесени од страста што ќе ја чувствувате месецов. За среќа и здравјето ќе ве служи добро. Можна е по некоја настинка, која ќе ја решите многу бргу. На работното место ќе има позитивна атмосфера, што ќе ви овозможи убаво да размислите за идните деловни чекори и финансиската ситуација. Вие знаете како со финансиите, па ќе знаете и што да си купите месецов. Ние ви предлагаме да се почестите со некоја масажа, но и тренди здолниште, комбинезон или секси обувки. Конечно, можете малку да здивнете и да се насмеете. И секако, забавувате!

Стрелец

23 Ноември - 21 Декември

Не откажувајте се месецов. Нека ве краси трпеливоста и позитивната мисла. Размислувајте брзо, но точно и успехот нема да изостане. Сепак, во октомври повеќе ќе сакате да се посветите на емоциите. И секако дека сакате, бидејќи ве очекува многу страст и љубов. Ако сте сами, статусот може многу бргу да се смени. Вие што веќе сте во заедница, можно е да се израдувате на вестите за проширување на семејството. Иако физичкиот нагон ќе биде доминантен, сепак тоа сосема ќе ви ја врати насмевката на лицето и вербата во живот. Токму затоа ќе сакате да изгледате убаво. И секси! Затоа Време е да излезете од строгоста и да облечете фустан во некоја светла нијанса. И здравјето ќе биде на ваша страна.

Јарец

22 Декември - 20 Јануари

Нема големи промени од претходниот месец на работното место. Всушност, ќе биде помирно од претходниот, секако, но без значителни промени. Тоа и ви одговара. Ако сте посветени и успешни, тоа и ќе бидете и овој месец, во спротивно ќе мора да се потрудите повеќе за остварувањето на целите. Месецов комплетно ќе се посветите на семејството, што и се очекува од вас. Ако сте од оние што „тапкаат во место“, обидете се да ги подобрите работите, а уште подобро вртете ја страницата. На слободните им се „смешка“ нова шанса за љубов. Месецов исто така, посветете го себеси, разгалете се малку. Правете го тоа во што уживате, потсетете се на омиленото хоби. Доколку шопингот ве прави среќни, знаеме дека сте вечен вљубеник во минимализмот, па задржете се таму. Внесете топлина во вашиот изглед со правилен избор на боја. Обидете се со црвената или земјените нијанси. Џемперот е секогаш добра идеја за ова време. И опуштете се малку. Октомври ќе биде убав месец.

Водолија

21 Јануари - 19 Февруари

Не така поволен месец за Водолиите на работно место. Но, не анализирајте премногу и имајте повеќе верба во себе. Нека зборува рациото од вас. А во емотивниот живот ќе бидете како мало животинче што ќе сака да се гали и да прима љубов. Иако можеби нема да се согласувате со сѐ што ќе каже партнерот, сепак ќе преминете преку сѐ, само за да се најдете во неговите прегратки, заштитено. Слободните ќе се впуштат во авантури без обврски. За тоа ќе сакаат да изгледаат беспрекорно. Нијанси на зелена и црвена, како оние нежните розови ќе ве направат да изгледате и нежно и опасно во исто време. Здравјето во поголемиот дел од месецот ќе ве служи добро. Можни проблеми во последната недела во октомври, па внимавајте на настинки.

Риби

20 Февруари - 20 Март

Позитивните вибрации кај сите знаци, нема да ве одминат и вас. Тимска работа ќе го одбележи овој октомври за вас. Ќе имате моќ да ги убедите другите во вашите ставови и да остварите услови. Сепак, нема да има некои значајни промени на тоа поле. Повеќе ќе се посветите на емотивниот живот, каде ве очекуваат мали несогласувања. Не е нешто што не може да се надмине, сепак потребна е комуникација. Сега не е добро време да бидете себични. Но, затоа, слободните претставници имаат супер шанси да го сменат статусот и да ги исполнат сите свои замисли. Месецов не заборавајте да се грижите за себе. Подновете се со некое парче што има сјај, или е во окер нијанса. Излезете од шаблонот. Ништо не е страшно како што можеби ви изгледа!

Објавено:
30 септември 2016
Категорија: 
Моден хороскоп
Прочитано:
6.941 пати