Пристигна и модниот хороскоп за септември! Прочитајте со што да се подновите месецов. 

 

Овен

21 Март – 20 Април

Како астролошки претставници на силно изразен карактер и индивидуалност, каде и да се појавите оставате силен впечаток. Затоа, секогаш и се трудите да изгледате беспрекорно. На тој начин ги сокривате и недостатоците. Месецов ве очекуваат промени на работното место, па дури и ново работно место, а дали тоа ќе биде добро, зависи од вашата подготвеност и способност. Вежбајте трпеливост. Љубовта е блиску до вас, без разлика дали сте сами или во врска. Само треба да ја видите и да ја пуштите во вашиот живот. Другата страна со нетрпение го очекува тоа. Здравјето не е на ваша страна затоа бидете внимателни и одмарајте и тргнете го стресот од себе. Добар начин за тоа е и шопингот. Како некој што ја сака впечатливоста, ви предлагаме овој септември да ви биде обоен во интензивни бои. Од друга страна пак, држете се до минимализмот, сепак така најдобро доаѓате до израз. Мини-здолништето или оние тесните што ја истакнуваат линијата на телото секогаш ја враќа самодовербата и сексапилот, што е вашиот најдобар моден додаток. Вашиот септември е обоен во бордо.

 

Бик

21 Април – 21 Мај

За мирните Бикови, септември ќе започне бурно, но како ќе одминува, така ситуацијата ќе се смирува. И тоа на сите полиња. Финасиските и деловните прилики што ќе внесат турбуленција на почетокот на месецот, во последната недела ќе се решат на начин во ваша корист. Истото важи и на љубовен план. Овие претставници малку ќе се помачат да го остварат замисленото, без оглед дали се сами или не, но на крајот трпеливоста што ве одликува и упорноста ќе го дадат саканиот резултат. Но, морате да бидете внимателни и добро да ја процените ситуацијата. Здравјето добро ве служи, што и да правите за вашето тело, тоа се одразува позитивно. И имајќи предвид дека кон крајот на септември ќе бидете во добра псхихо-физичка и финансиска состојба, тоа одличен период и да потрошите некој денар. Шопингот насочете го кон некое класично парче, но модерни модни додатоци. Текстурите нека го држат приматот овој месец. Нема да пречи да внесете и малку светки, иако неутралните или темносините тонови ќе бидат она во што најубаво ќе изгледате месецов.

 

Близнаци

22 Мај - 21 Јуни

Септември не е баш идеален кога е вашата кариера во прашање. Какви и документи и договори да имате за потпишување, ако можете одложете. Внимавајте и на техниката околу вас. Нема да ви одат работите баш од рака. Но, затоа на љубовно поле, работите ќе одат како подмачкани. Зафатените ќе ја имаат сета поддршка од партнерот, а оние самите ќе бидат под влијание на немирните „пеперутки“. Со оглед на стресниот период, и организмот самиот ќе ви покаже дека му треба внимание, па не го игнорирајте. Посветете се на здравјето максимално. Имајќи предвид дека септември не е идеален за трошење пари, сепак почестете се и расположете со некој впечатлив моден додаток. Впрочем, тоа е и вашиот омилен дел од стајлингот. Месецов останете доследни на класичните кроеви и збогатете ги со тренди ремен, обетки, беџови...

 

Рак

22 Јуни - 22 Јули

Раковите ги очекува сличен месец како и Близнаците. Турбуленции на работното место. Можеби ќе се соочите и со напуштање на актуелната работа и впуштање во нова работна авантура. Доколку биде така, за тоа подобар период е крај на годината. Ако останете на сегашното место, тогаш добро внимавајте на документацијата и финансиите. И во љубовниот живот работите ќе бидат ставени под искушение. Зафатените ќе ја преиспитаат својата врска, а слободните ќе бидат во потрага по идеалната личност, што постои можност да се појави кон крајот на месецот. Всушност, колку и да ви изгледа ова песимистично, сепак крајот на септември нови нова енергија. Уште поважно е тоа што, и покрај проблемите на другите полиња, здравјето ќе ве служи одлично, па истите ќе се надминат многу полесно. Токму затоа, бидете подготвени во секоја смисла. И онаа модна. Како знак што ја почитува женственоста, не се двоумете овој месец да изгледате токму така. Ги сакате принтовите и сјајот и тие ве сакаат вас! Златните нијанси во спортско-елегантен стил се идеални за вас овој септември.

 

Лав

23 Јули - 23 Август

Релативно мирен месец за Лавовите. Финасиските проблеми со кои можеби ќе се соочите во почетокот на месецот, бргу ќе се средат и ќе нема простор за загриженост. Истото важи и на полето на љубовта. Ќе работите и ќе ја хармонизирате врската со парнерот. Слободните пак, ќе им се радуваат на пријателите и на забавите, а токму таму може да се појави личност што ќе ви ја врати насмевката на лицето. Она на што најмногу треба да внимавате месецов е здравјето. А бидејќи ве очекува активен период на сите полиња, тоа значи дека мора да изгледате беспрекорно. Вие имате софистициран вкус и ги сакате дизајнерските парчиња. Ако сте во можност не лишувајте се од специфичен винтиџ коктел фустан, или некоја ексклузивна чанта. Вие знаете тоа како да го носите. Септември ви е обоен во зелени бои!

 

Девица

24 Август - 23 Септември

Среќен септември! Девици, ова е ваш месец, но нема сѐ да оди како подмачкано. Септември ќе биде сѐ само не досаден. Како некој што не трпи авторитет, туку го наметнува, тоа што вашиот ќе биде ставен под знак прашање многу ќе ви помогне. Сепак, силата и паметта со која располагате, ќе ја доведат ситуацијата во ред. Но, лесно нема да биде ниту во љубовта. Некои врски можат многу лесно да бидат окончени. Слободните ќе имаат активен социјален живот, но не и сериозна шанса. Имајќи го предвид сето ова, повеќе од очигледно е дека треба максимално да се посветите на антистрес методите. Но, со оглед дека ова е ваш месец и морате да го прославите, не пропуштајте ја шансата да изгледате убаво. Како знак што ја почитува елеганцијата и внимателно изработените парчиња, токму и така облечете се. Бидете софистицирани за инает на сите. Принтот и нежните бои се добредојдени. Во бело дефинитивно ќе блеснете овој месец.

 

Вага

24 Септември - 23 Октомври

Покрај малиот пад на имунитетот, речиси целиот септември ќе имате енергија и ќе се чувствувате одлично, што многу ќе ви помогне во реализирањето на месецот. Голем дел од Вагите ќе бидат несреќни на работното место, но тоа можете да го решите или така што во слободното време ќе се посветите на нешто што ве радува или во барање на нова шанса. Како и да е, не дозволете моменталната состојба да направи да се каете за брзи одлуки. Проблемите во семејството или врската ќе бидат краткотрајни, затоа не нервирајте се како да е крај на светот. Слободните претставници ќе имаат активен социјален живот, што ќе им донесе и голем број познанства, а можеби и нова страст. Затоа не се сомневаме дека ќе работите и на својот изглед. Како знак кој е вистински вљубеник во модата, во септември бирајте комбинации што се женствени и нежни, а во впечатливи бои, бидејќи вие знаете како да ги носите. Зелената и темновиолетовата имаат предност овој септември.

 

Скорпија

24 Октомври - 22 Ноември

Најнапатениот знак на зодијакот, овој септември ќе може да здивне. Не многу, но сепак работите колку-толку ќе одат на подобро. Стресот нема да ве одмине, но овој пат успешно ќе се изборите. Особено на работното место. Нови шанси, нови средини и финансии ве очекуваат месецов. Зафатените претставници ќе имаат складни односи, додека слободните комплетно ќе се посветат себеси. Сепак, она на што треба исто така да обрнете внимание е и здравјето. Сите стресови до сега и месецов ќе го земат својот данок, па не дозволете работите да ескалираат. Ако ништо друго, месецов направете нешто за себе. Познати сте по својата енергија и сексапил, па подновете се со некое парче во сомот или кадифе, или пак секси обувки. И нека биде црвено! Високите чизми се повторно актуелни, па искористете некои од попустите и подновете се за претстојната сезона. Или било што што е на високи потпетици. Сте заслужиле.

 

Стрелец

23 Ноември - 21 Декември

Генерално, стрелците ги очекува одличен септември. Пријателите ќе ви помогнат во остварување на деловните цели. Слободните претставници на знакот овој месец ќе зрачат, па ќе го привлекуваат вниманието на спротивниот пол многу лесно. Токму така може да се роди и нова романса што ќе сакате да потрае. Оние со партнер можно е да имаат несогласувања, но не е нешто што не може да се реши. Во септември ќе ве служи и здравјето, па нема причина да не го реализирате она што сте го планирале. Со оглед на тоа дека месецов ве очекува и финансиска добивка, слободно искористете дел за да го обновите гардероберот. Како љубители на релаксираната елеганција, панталони со добар крој и женствена блуза или кошула е добитна комбинација за вас. Внесете и малку боја во изгледот. Макар било и во модните додатоци. Нема да згрешите. И широките фустани или мантили се нешто што одлично ќе ви прилега овој септември.

 

Јарец

22 Декември - 20 Јануари

Внимавајте на настинките месецов, бидејќи ќе ви биде потребна сила и добро здравје, особено на работното место. Стресните и неповолни денови во почетокот на септември, што се протнуваат кај сите претставници на зодијакот, нема да ги одминат ниту Јарците. Состојбата на работното место нема да биде идеална, но ќе се смири кон крајот на септември. Избегнувајте патувања, сообраќај генерално, а внимавајте и на техниката и апаратите околу вас. Ваша помош ќе им биде потребна на најблиските, независно дали се работи за семејство или партнер, па бидете расположени да ги сослушате. Слободните претставници ќе бидат и најсреќни, бидејќи ќе имаат добар љубовен период. Многу од нив ќе се збогуваат со статусот – „без партнер“. И бидејќи знаете дека ве очекува таков убав период, изгледајте убаво. Вие сте земјен знак и ја почитувате класичноста. Го сакате стариот гламур, па затоа блеснете. Септември е месец кога треба да инвестирате во парчиња од кашмир, или свила. Нека бидат во светла боја, на која ќе ѝ контрирате со некоја темна и вашата природна убавина ќе ја ставите во преден план. Виолетовата е ваша боја месецов.

 

Водолија

21 Јануари - 19 Февруари

Тежок месец и за Водолиите. Особено на удар ќе бидат сопствениците на приватен бизнис. Септември ќе биде исполнет со финансиски проблеми, кои како и за сите претставници ќе бидат решавани кон крајот на месецот. Во љубовниот живот извлечете ја сета трпеливост од себе и работете на односот со партнерот. Најповолно ќе биде за младите претставници, кои ќе имаат повеќе среќа во љубовта. Променливото расположение ќе владее со Водолиите месецов, па за да го подобрите, бидете рационални и штедливи и купете си нешто ново. Како вистински трендсетери, веројатно ќе ги барате и најголемите трендови за претстојната сезона. Но, најдобро е да направите микс, кој ќе ја изрази вашата индивидуалност. Виолетовата е ваша боја месецов, па искористете ја на најдобар можен начин и помогнете си во надвладувањето на проблемите. Ништо не е вечно, па ни лошите денови.

 

Риба

20 Февруари - 20 Март

Турбуленциите што ги носи септември нема да ги одминат ниту Рибите. Внимавајте на финансиите. Направете добра реорганизација. Исто така, овој месец внимавајте и како комуницирате. Ако имате можност, појдете на одмор, тоа би било идеално за вас месецов, а сѐ со цел да ги одбегнете кавгите со колегите. Тоа што ќе го правите на работното место, ќе се одрази и во љубовниот живот. Ќе успеете сѐ да надминете, само ако бидете внимателни. Повторно – задржете ги грубите зборови за себе. Слободните претставници ќе бидат привлечни, па ќе имаат можност да остварат и некоја романса, особено после 16-ти септември. Затоа, потрудете се секогаш да бидете убаво дотерани. Свилата, шифонот, кадифето се она што супер ви прилега. Имате вие сексапил што треба да го искористите. Не заборавајте ги високите потпетици никогаш! Дозволете си некое беж парче, бидејќи тоа ќе биде ваша боја есенва. Поради динамичниот период, бидете внимателни и кога е здравјето во прашање.

Објавено:
2 септември 2016
Категорија: 
Моден хороскоп
Прочитано:
6.071 пати