Со доаѓањето на декември, доаѓа и празничната атмосфера и започнува одбројувањето до новогодишната ноќ. Овој хороскоп го посветуваме на токму на новогодишните комбинации и доживувања. Со оглед дека светките, кадифето, тантелата, металик нијансите се апсолутно доминантни во модниот свет, и нашите предлози се базираат на овие трендови.

Прочитајте што ве очекува во последниот месец од 2016 година:

 

Овен

21 Март – 20 Април

 Со декември доаѓа и вашиот оптимизам. Одлучивте да свртите нова страница во животот, конечно. На работното место ве очекуваат убави и успешни денови. Само не избрзувајте, употребете ја својата интелигенција и сè ќе се одвива како што сте посакувале. Тоа значи дека и финансиската состојба ќе се подобри, па задоволно ќе ја завршите оваа година која беше исполнета со бројни предизвици. И на љубовен план ќе процветаат рози. Вие што сте во врска ќе ја обожавате празничната атмосфера во друштво со саканата личност, а вие што сè уште уживате во слободата, имате добри шанси да го смените тоа. Флертот, добрата забава ќе бидат постојано присутни, од што може да се изроди и нешто повеќе.

Новогодишната ноќ ќе ја поминете во добро друшво, а тоа повод повеќе да изгледате впечатливо. Наш предлог за новогодишната ноќ е впечатливо фустанче во некоја металик нијанса, во комбинација со интензивен кармин, веруваме дека ќе бидете мета на погледи.

 

Бик

21 Април - 21 Мај

 Декември ќе биде убав месец и за Биковите. Не заострувајте ги односите на работното место, ниту пак обидувајте се да истерате правда, бидејќи вашиот успех секако ќе дојде. Ќе се подобри и финансиската ситуација, на ваше големо задоволство, па без пречки ќе можете да уживате во празничната атмосфера. Затоа, искористете го максимално моментот и на време подгответе се за новогодишната ноќ. Наш предлог е црн кус и секси комбинезон, во црна боја. Со впечатлива шминка истакнете ги вашите маркатни црти на лицето и играјте со модните додатоци. Тоа ќе му се допадне и на вашиот партнер со кого работите конечно ќе тргнат на подобро. Изминативе месеци имавте потешкотии на љубовно поле, но веќе првата недела од декември носи подобрувања. Убав период и за слободните. На повидок авантура, што е сосема спротивно од она што се очекува од Биковите, но таа авантура ќе ви донесе убави моменти на долгорочно ниво. Нема да биде изненадување доколку и новогодишната ноќ ја поминете во странство.

 

Близнаци

22 Мај - 21 Јуни

 Бидете коректни и информирајте правилно, инаку овој месец ќе бидете мета на лоши коментари на работното место. Убаво проучете ги информациите со кои располагате и внимавајте што ќе кажете. Добар период за тие што сакаат да се усовршуваат професионално. Подобри денови почнуваат кон средината на декември. Но, затоа оние во врска или брак ќе имаат комплетна поддршка од партнерот. Некои Близнаци ќе ја однесат врската на повисоко ниво, за што е потребно претходно добро да размислат. Оние во тазе врски ќе нема да сакаат да излезат од дома. Љубовното гнезно ќе биде идеален начин да се дочека новата година. Слободните пак, нема да сакаат нови врски, затоа забавите околу и на Нова година ќе бидат идеални за интересен флерт и однос без обврски. Како знак што отсекогаш бил насочен кон интересни модни комбинации, нашиот предлог за празничен изглед е плисирано здолниште со микс од материјали, во комбинација со секи блуза и високи чизми. Вие ќе знаете како да го носите тоа!

Рак

22 Јуни - 22 Јули

 Тоа што може да ви направи проблем овој месец на професионален план е растргнатоста. Си земавте премногу обврски на себе, што не е некое изненадување, но сега може да се најдете во ситуација да не можете да одговорите на сите барања подеднакво успешно. Сепак, ќе се изборите со ситуацијата. Кон крајот на месецот ви претстојат и нови деловни понуди, но добро размислете дали ќе ги прифатите. Употребете ја логиката и потпрете се на соработниците во кои имате доверба. Така нема да згрешите. Главоболките од работното место, нема да ги има на љубовно поле. Оние во врска ќе имаат прекрасни моменти со партнерот, што уште повеќе ќе ја зацврсти љубовта. Сепак, ако планирате нешто посериозно, сега не е вистинскиот момент за тоа. Едноставно препуштете се на убавините и не размислувајте премногу. Оние слободните ќе имаат мноштво можности за забава и друштво. Облечете нешто светкаво, интересно (наш предлог е шорц со кошула со панделка), тренди и ќе го привлечете вниманието на кој ќе посакате. А дали ќе се одлучите за врска, тоа зависи од вас. Имате многу добри шанси за тоа.

 

Лав

23 Јули - 23 Август

Со оглед на обврските на работното место, повеќето Лавови ќе се најдат во центарот на вниманието, што нема да ви падне многу тешко. Сепак, внимавајте на тоа како комуницирате, за да не си создадете дополнителни проблеми. Ви одговара тоа што до израз ќе дојдат вашите организациски и лидерски вештини, бидејќи така ќе се изборите за она што го сакате. А во љубовниот живот веќе го имате тоа што го сакате – нежност и љубов. Многумина ќе ја зацврстат својата врска. Кај некои ќе се појави личност од минатото, па со тоа и обновување на стара љубов. Во која и група да припаѓате, ви претстојат многу убави мигови, а ќе доминираат сексуалните односи. Како некој што го сака метежот и забавата, токму така и ќе ја дочекате 2017-та, па доброто расположение поткрепете го со добар изглед. Романтичен фустан со принт во златни нијанси е нашиот предлог во кој ќе изгледате неодоливо.

 

Девица

24 Август - 23 Септември

Имавте тежок период на работното место. После подемите, следеше стагнација, која не ја прифативте добро. Уморот и лошата концентрација, како и тврдоглавоста и неприфаќањето компромис си го направија своето, па пропуштивте неколку соработки кои сега ви предизвикуваат нервози. Сепак, деловниот углед не ви е нарушен, а до првата половина на месецов ќе го дадете својот максимум да ги остварите целите. Пред новогодишната ноќ ве очекуваат и финансиски придобивки и награди на професионално поле, па ќе бидете среќни во можноста да се почестите за својот труд. Ние предлагаме тоа да биде нешто во црно-бела варијанта. Широко бело здолниште со црни детали и транспарентна кошула од тантела се како создадени за вас – секси и строги истовремено. Тоа ќе му се допадне и на партнерот, со кој ќе имате совршена комуникација на сите полиња. И слободните претставници ќе имаат убави денови. Нивниот шарм ќе привлече личност со која ништо чудно да започнат и врска во Новата година.


Вага

24 Септември - 23 Октомври

 Овој декември имате одлична можност да остварите успех на работното место, особено со некое влијателно лице, што ќе ви донесе унапредување. За сите размислувања и недоумици, консултирајте се со луѓето на кои им верувате. Веќе кон крајот на месецот ви следи новата работна шанса и успехот што го посакувавте. На љубовно поле, малку ве плашти монотонијата во врската или бракот во која западнавте, па ќе дадете сè од себе тоа да се смени. Комуникацијата ќе биде добра, а и сексуалната енергија, па нема да имате многу проблеми за да ја подобрите ситуацијата. Доколку се одлучите Новата година да ја поминете надвор, а не дома, металик комбинезон во комбинација со интересен чокер е она што ви треба. Истото важи и за слободните. Бидете смели во модните комбинации, бидејќи впечатливоста е вашето средно име. Како и Близнаците, така и слободните Ваги нема да бидат расположени за нови врски, но затоа флертот и забавата се добредојдени и ќе бидат присутни.

 

Шкорпија

24 Октомври - 22 Ноември

Потрудете се да ги завршите сите обврски до 20-ти декември, бидејќи тоа е најповолниот период. Практичноста и стабилноста ќе дојдат до израз, што ќе ви отворат и нови деловни можности. Затоа, искористете го овој период и за размислување во насока на проширување на бизнисот, соработниците, врски со странство, усовршување. Експедитивноста и ефикасноста ќе дојдат до израз месецов, па искористете ги на најдобар можен начин. Оние што неодамна влегоа во врска, нека размислат дали вреди да останат во истата. Изминатиов период не беше поволен за вакви одлуки. Оние во стабилна врска ќе имаат одлични моменти и ќе се радуваат на празниците, а слободните ќе се радуваат на можноста за забава и нови познанства. Во која и група да спаѓате, овој месец почестете се со фустанче што ќе ја истакне сета ваша женственост и сексапил. Црно кадифено со деколте и златни детали може да биде одличен избор. Изгледајте скапо, нека се знае кога Шкорпија влегува во просторијата.

 

Стрелец

23 Ноември - 21 Декември

Стрелци, среќен роденден! Вас овој декември ќе ви донесе многу убави деловни и финансиски можности. Како некои што не поднесуваат неправда, ќе бидете разочарани од постапките на некои личности од вашето опкружување, но не грижете се заслугите ваши нема друг да ги земе. Веќе во втората половина од месецов ве чекаат унапредувања и покачувања, што ќе ве мотивираат да разгледате и нови деловни можности и надоградувања. Декември ќе биде убав и за оние во долги врски, бидејќи силно ќе ја почувствуваат љубовта и спокојот крај саканата личност. Она што ќе биде заедничко за сите претставници, особено оние во статус „сигл", е што ќе сакаат да поминуваат што повеќе време со пријателите и семејството. Забавите и празничната еуфорија ќе бидат присутни, па изгледајте беспрекорно во фустан што ќе личи на небо полно ѕвезди. Време е да блеснете и да ја црпите само добрата енергија од луѓето што ве сакаат. Со оглед на убавите финансиски вести, фустанот комбинирајте го со салонки на високи потпетици и масивни обетки.


Јарец

22 Декември - 20 Јануари

 Копнеете по добивка и унапредување на работното место, но немојте да изгорите во желбата. Тоа и ќе се случи кон крајот на месецот, затоа добро заштитете се од непотребните коментари и злите намери на околината. Сите важни обврски завршете ги до крајот на декември, бидејќи тие ќе ви го донесат посакуваниот успех и новото ниво. Моќта што ќе ја почувствувате ќе се одрази и во љубовниот живот, без оглед дали имате некој или сте сами. Сексуалната желба ќе биде нагласена, а ќе откриете и некои нови страни од вашата личност. Моќта покажете ја и преку облеката. Женско секси одело од кадифе е добитната комбинација за Јарците, па токму тоа е и нашиот новогодишен предлог. Не штедете на изгледот, тоа само ќе ви го подобри расположението. Црно одело и бордо кармин – има ли нешто помоќно?

 

Водолија

21 Јануари - 19 Февруари

 Желбите се едно, а можностите нешто сосема друго. Овој декември ќе треба да работите на тој баланс, затоа што во спротивно нема да бидете меѓу омилените во работната околина. Слушајте го и туѓото мислење, не потпирајте се само на личното, бидејќи нема да успеете во сè. Експериментите оставете ги за пригоди врз кои имате поголема стабилност. Сега не е вистинското време за тоа. Проверената формула ќе ви донесе финансиски добивки. А добивки ќе имате и на љубовното поле. Тие што се во долга врска многу веројатно ќе добијат понуда за брак. Оние што се сами или туку што започната врска, ќе се двоумат дали воопшто да се впуштаат во емотивен однос. Она што е сигурно е дека, доколку љубовта е искрена и вистинска, ќе се расчистат сите недоумици. Сепак, во нешто сме сигурни. Шопингот и празничната атмосфера ќе ви го подобрат расположението максимално. Вниманието ќе го привлечете со интересно здолниште со везени апликации и блуза од тантела. Вие од сите знаци од зодијакот најдобро знаете да ги мешате принтовите и такеините. Тоа е вашата модна умешност.

 

Риби

20 Февруари - 20 Март

 Кај Рибите месецов ќе биде во прв план креативноста. Ќе барате начини како да ја подобрите својата деловна положба и статус. На патот кон остварување на целите, искористете го знаењето и мудроста. Организирајте се добро и комуницирајте само со оние на кои им верувате. Дури потоа одлучете се како ќе реагирате или одговорите на нечија понуда. Последните 10 дена од декември ќе ви го донесат саканиот успех. За тоа ќе ви помогне и фактот дека ќе зрачите со позитивна енергија. Но, и со сексуална. Празниците ќе сакате да ги поминете во друштво со партнерот и да изгледате убаво во неговите очи. Женствен фустан во сини нијанси ќе го направи токму тоа за вас. Металик нијансите, односно брокатот нека биде вашиот избор. Отсекогаш сте биле луксузни, па постигнете го тоа и овој пат. Слободните претставници пак, ќе се најдат во друштво на интересна личност, која ќе ги натера да размислат дали сè уште ќе бидат сами. Новогодишната ноќ ќе ви биде во знакот на убави чувства и можности!

 

Објавено:
1 декември 2016
Категорија: 
Моден хороскоп
Прочитано:
2.033 пати