Почнуваат студени денови, но тоа не значи дека не треба да сме дотерани и убави. После тешките месеци, ноември носи нови почетоци. Прочитајте што ве очекува во новиот месец и во што да блеснете!

Овен

21 Март – 20 Април

Успешен месец за Овните, без разлика дали се вработени или не. Конечно работите доаѓаат на свое. Ќе имате многу можности да ги докажете своите способности. Иако сте индивидуалец, месецов ќе бидете одлични во тимската работа, а со убавата работна атмосфера ќе дојдат и убави финансии. Во емотивниот живот ќе има сè и сешто месецов. Ако сакате да ги подобрите односите со партнерот, тогаш бидете подготвени на компромис и започнете нова страница. Вие што сте слободни ќе имате бројни шанси за нова љубов. Не може да се каже дали ќе биде на долги патеки, но ќе ви го подобри расположението. И покрај силниот сексуален и освојувачки нагон, сепак потрудете се да не претерате, затоа што тајните врски можат да ви направат проблем. Но, она што нема да е проблем е да се подновите со нешто месецов. Ако размислувате со што би можеле да се подновите, нека биде некое парче со асиметричност или геометриски форми. Кога се боите во прашање, есенската палета е богата, затоа не ограничувајте се. Одберете ја онаа што најмногу сметате дека ви прилега. Важно е да се чувствувате самоуверено.

 

Бик

21 Април - 21 Мај

Првата половина од ноември ќе биде поволна за нови деловни предизвици, особено за невработените. Останатите ќе бидат динамични и ќе можат да ги остварат своите цели. Не кријте ја амбициозноста. Во љубовниот живот ќе ви треба многу трпение, а никој не е подобар во тоа од вас. Ќе успеете да ги надминете проблемите и остатокот од месецот да уживате во љубовната идила. Слободните ќе имаат добри шанси да започнат нова емотивна врска која ќе произлезе од пријателство. Дел од вас нека погледнат подобро на работното место. Исто така, можно е да се врати некоја поранешна љубов, но размислете добро што ќе правите. Сепак, што и да се случува, изгледајте беспрекорно. А со оглед на тоа удобноста ви е на прво место, направете комбинација со патики. Но, не досадни. Нека бидат патики со дезен. Или, ако сте замурливи, тогаш нека бидат рамни високи чизми, но украсени. Бидете грациозни.

 

Близнаци

22 Мај - 21 Јуни

Овој ноември Близнаците да внимаваат на комуникацијата и стратегијата бидејќи од тоа во голема мера ќе зависи успехот на работното место. Сконцентрирајте се, не бидете ноншалантни. Кон крајот на месецот можно е да ве очекува ненадеен успех и пофалби, па конечно ќе имате јасен фокус што сакате да постигнете во иднина. Пријателите ќе бидат тука за вас во тешките моменти. Не само што ќе ве ислушаат, туку и ќе ви отворат нови видици, можности и начини. На крајот, сите ќе се радуваат. Комуникацијата ќе биде клучна и во љубовниот живот, без разлика дали сте во врска или брак или пак во вашиот живот ќе дојде некој нов. Внимавајте да не направите погрешен чекор, може да ве чини една трајна љубовна врска. Бидете отворени и забавни, какви што знаете да бидете. И внимавајте на изгледот. Со оглед на тоа дека почнуваат студени денови, време е да се подновите со убав џемпер. Нека биде во светли бои – бела, пастелно розова... и нека биде со реси, топчиња или било кој друг детал. Кај вас секогаш мора да има нешто интересно. Ако не ги сакате светлите бои, тогаш нека бидат темни нијанси на сина.

 

Рак

22 Јуни - 22 Јули

Ракови, мирен месец за вас. Стресовите и кризите од минатите неколку месеци полека исчезнуваат. На работното место исто така се подобруваат работите. Правете го она што најдобро го знаете и не влегувајте во дискусии со повозрасните колеги. Бидете смирени. Тоа ќе ви помогне да ги надминете несогласувањата и со партнерот. Ќе ги поставите прашањата што одамна сакавте и ќе ја зајакнете довербата во односот. Слободните месецов нема да сакаат да се врзуваат и тоа така ќе остане. Ќе се посветите на семејството, пријателите и себеси. А нема подобар начин за забава и уживање за сите дами од шопингот. Романтичните парчиња се добар избор за вас месецов. Одберете карнери или широки ракави и некој принт. Нема кој ќе може да ви одолее. Боја на месецов окер!

 

Лав

23 Јули - 23 Август

Стресен почеток на ноември за Лавовите. Финасиската криза и динамичноста на работното место ќе би прават нервози, но не грижете се, нема да трае засекогаш. Работите ќе се поправат кон крајот на месецот. Вашата способност за тимска работа треба да биде нагласена, за да остварите успех. Во секој случај, подобри моменти ве очекуваат на деловно отколку на емотивно поле. Не дека нема да имате шанса за убава љубовна романса, но сепак, флертот ќе доминира месецов. Оние што се веќе во љубовна врска, сега е вистинско време да ги решат проблемите што ги имале изминатиов период. Ова е идеална можност да ја направите врската онаква каква што отсекогаш сте посакувале. А за да остварите сè, потребно е добро и да изгледате. Парчиња со метален сјај се вистински избор за вас месецов. Не затворајте се во темни бои. Нека ве забележат сите.

 

Девица

24 Август - 23 Септември

И Девиците ги очекува по малку стресен период. Ќе го преиспитувате животот, а особено емотивниот. Ќе завршите една врска, каква и да била, за да започнете друга. Речиси кај сите припадници ќе доминира флертот. Овој месец нема да има сериозни врзувања. Кога е работното место во прашање, ве очекуваат искушенија. Динамиката ќе ве натера да работите од дома, па за да можете да постигнете сè и да не се нервирате, подобро е да намалите со детализирањето на работите. Фокусирајте се на важни нешта. Околу финансискиот дел ќе имате помош и од најблиските, така што нема да имате големи главоболки околу тој дел. Во сиот стрес дозволете си убавина на душата и подновете се. Бомбер јакните нека бидат на врвот на вашата шопинг листа. Дали тоа ќе биде некоја во колеџ стил, или металик, или пак со везови, не е важно, но имајте ја. Ако пак не сте љубител на бомбер јакни, долго палто, широко и во прав крој, ќе биде супер избор за бројни комбинации.


Вага

24 Септември - 23 Октомври

За вас ноември ќе значи пари. Финансиската ситуација ќе ви биде подобра од кога и да било. Ако сакате да инвестирате во нешто, сега е вистинско време. Со која и професија да се занимавате, успехот ќе биде видлив, па искористете го на најдобар можен начин. Нема да имате големи проблеми ниту кога е љубовта во прашање. Ќе имате идиличен однос, во кој ќе зборувате за важни животни прашања. Доколку ставовите ви се разијдуваат, не реагирајте веднаш, туку искористете ги комуникациските вештини. Не расипувајте си ја идилата. И изгледајте убаво. Тоа ќе биде нагласено овој месец затоа фустан од кадифе е идеалното парче за вас месецов. Препорачуваме тесен фустан, но доколку ги преферирате широките силуети тогаш одберете нешто во што сте сигурни. Среебрената, како и сите темни нијанси се идеален избор за вас месецов.

 

Шкорпија

24 Октомври - 22 Ноември

Среќен роденден Шкорпии! Ова е ваш месец! Ќе уживате во друштвото на саканиот и ќе ја живеете љубовната приказна од соништата. После тешкиот период конечно ќе ве огрее сонце, па макар и во ноември. За оние што се сами, искреноста во комуникацијата е нешто што ќе ви помогне при привлекувањето на нови лица со кои би можеле да остварите врска. А кога се работи за работното место и финансиите, мирен месец, сè до крајот кога ве очекува подобрување на финансиската состојба, а може и унапредување на работното место. Токму затоа нема причина да не изгледате прекрасно. Месцов не излегувајте без „чокер". Овој моден додаток прилега на вашата страсна природа. Можете да го комбинирате со секси комбинезон или фустан. Можете со што сакате, важно е дека вие знаете тоа како да го носите.

 

Стрелец

23 Ноември - 21 Декември

Ноември ви носи напредок на работното место. Ќе фасцинирате со способноста за комуникација и убедливоста. Ќе имате можност и креативно да се изразите, а сето тоа ќе придонесе за убава работна атмосфера, која ќе биде изразена во втората половина на месецот. Кога е љубовта во прашање, ноември ќе биде месец на страста за вас, без разлика дали сте сами или не. Авантуристи, какви што сте, ќе внесувате новини во вашиот љубовен живот. Само, не тактизирајте премногу со личноста што ви е драга, бидејќи може да има контра ефект. За вашата непосредност и отворена комуникација ќе ви помогне и изгледот. Бидете секси девојката од соседството. Опуштена комбинација со карирана кошула и широка наметка е нешто што ќе направи да изгледате неодоливо. Едноставно, а привлечно.

 

Јарец

22 Декември - 20 Јануари

Малку турбулентен месец ве очекува на работното место. Чувајте се од тивки непријатели. Тие ќе можат да ви направат многу проблеми. Сепак, потпрете се на изострената интуиција и бидете претпазливи, бидејќи кон крајот на месецот работите сепак ќе се завршат во ваша полза. Но, затоа во љубовниот живот ве чекаат многу убави моменти. Оние што се сами ќе се забавуваат и постојано ќе бидат во добро друштво и заводливи. А оние што се во врска, ќе имаат складен однос во кој ќе изобилува романтика, нежност, но и многу секс. Кога е изгледот во прашање, класични парчиња во црна боја, но со цветен принт се совршени за вас. Впрочем, тоа е нешто во што вие одлично се чувствувате. Кошула фустан, или панталони со интересна кошула е тоа што ќе ве направи забележителни.

 

Водолија

21 Јануари - 19 Февруари

Убав месец и за Водолиите. Изгледа овој ноември сите ќе се препородат. Завршија тешките денови и за вас. Месецов очекувајте признание за вашата добра работа изминатиов период, не зависно дали работата ви е креативна или административна. Тоа ќе ви донесе многу поволности и во иднина. Складен однос ќе имате и во љубовта. Можеби помалку страст од претходно, но сепак ќе ја однесете врската на ново ниво што ќе ви пружи задоволство. Слободните претставници се на чекор до нова врска со постара личност или странец. Не стравувајте, тоа ќе ви донесе само убави мигови. За сите убави мигови, одберете плетен фустан во пастелни бои. Ако сакате пак да бидете секси, тогаш плетен црн фустан е непогрешлив избор. Едноставно ќе блескате.

Риби

20 Февруари - 20 Март

За оние што имаат свој бизнис, ова ќе биде предизвикувачки месец. Нема да оди сè подмачкано, но со добро промислени чекори и вистински круг на соработници и партнери, крајот на месецот ќе ви донесе убави финансиски приходи и успеси. Ноември ќе биде посебно успешен за сите риби што се занимваат со креативна работа – сликари, писатели, дизајнери, музичари... Ова е вистински период за искажување на креативната енергија и замисла, која сите ќе ја разберат и за која ќе бидете пофалени. Во љубовниот живот се појавуваат стари проблеми. Сетете се како ги решивте минатиот пат и нема да ги има повеќе. Слободните претставници ќе бидат во незавидна положба. Ќе сакаат да започнат врска со некој што домашните нема да го одобрат, па ќе бидат растргнати. Не е добро време за нова врска, почекајте. Но, затоа е време за нова облека. А син џинс е супер избор за вас. Вие сте уметнички души, не затворајте се во ништо класично. Тексасна јакна со крзно, или во комбинација со интересен шал е нешто што го препорачуваме овој ноември. За оние похрабрите, одличен избор се и јакни и палта со комбинација на различни типови џинс, како и пачворк комбинации.

Објавено:
2 ноември 2016
Категорија: 
Моден хороскоп
Прочитано:
3.107 пати