Моден хороскоп

Совршениот моден додаток за секој хороскопски знак

14 јули 2017

 Веруваме дека повеќето од вас веќе го испланирале летниот одмор или пак веќе ужива во него. Минатиот месец пишувавме за идеалниот костим за капење за секој знак, а јули го посветуваме на модните додатоци.

Во продолжение ќе прочитате кој е омилен односно совршен моден додаток за секој од хороскопските знаци, што можеби ќе биде инспирација и да се подновите со нешто за време на одморот.

Колку сме погодиле, ќе ни кажете самите.

А дури и да не се согласувате со нашата листа, може да биде предлог да пробате нешто ново:

 

Овен

Моден додаток: очила за сонце

На Овните не им недостасува самодоверба, сепак како претставници на зодијакот што посебно внимаваат на својот изглед и имиџ, очилата за сонце им помагаат во сликата да изгледаат уште подоминантно. И покрај тоа што не секогаш сакаат да признаат, на Овните и тоа како им е важно како изгледаат. Сакаат и брендирани работи, но уште повеќе сакаат безвременски парчиња, без разлика за што се работи.

Предлог: Покрај сето горе наведено, не смееме да заборавиме дека Овните се и секси. Очила за сонце со „мачкест“ облик ќе бидат полн погодок, бидејќи уште повеќе ќе ја нагласат таа нивна страна. Очила за сонце со големи рамки се исто така една од поомилените облици, што знаат како да го носат, а Ray Ban се само потврда за класиката за која зборувавме.

 

Бик

Моден додаток: Обувки

Женственост, елеганција, удобност, доза на луксуз = сето тоа се карактеристики на Бикот, а воедно сето тоа може да се спои во совршен пар обувки. Во сè што прават тие ќе ја задржат префинетоста и елеганцијата, и покрај тоа што во некои други сегменти знаат да претераат (како на пример храната или понекогаш мрзеливоста).

Предлог: Бикот мора да биде подготвен за сè. Затоа, покрај едни сандали на платформа, одлични за лето бидејќи се и удобни, а и ја истакнуваат фигурата, претставникот на овој знак мора да има и едни елегантни балетанки, како и сандали на ременчиња, во кои ќе се чувствуваат секси, заводливо, женствено, грациозно... Списокот на комплименти би немал крај да се прашува Бикот, бидејќи обожува да ги слуша, но во исто време и списокот на обувки, бидејќи на нив им требаат и патики, и салонки, и чизми...

 

Близнаци

Моден додаток: Брош/Беџ

Убавината за Близнаците се состои во деталите. За нив тие зборуваат многу повеќе отколку целината. Затоа, тоа што совршениот моден додаток за нив е брошот или беџот не е никакво изненадување. Со изборот на овие детали тие ќе можат да ја изразат страната од личноста што сакаат да ја покажат.

Предлог: Со брошот во форма на сладолет тие ќе ви соопштат дека се во тек со настаните и дека го сакаат летото, црната мачка која посакува среќа зборува за нивиот хумор (а преферираат интелигентни шеги), додека последниот предлог е знак за нивната забавна страна, дружељубивост, самостојност. Како знак што посебно го привлекува интелектот, сè што содржи натписи и букви е добредојдено.

 

Рак


Моден додаток: Чанта

Зошто: Претставниците на овој знак нема никогаш да ви кажат дека им е доста од чанти. Тие знаат совршено да го приспособат својот стил на пригодата, па логично е да имаат и соодветна чанта за тоа. А имајќи предвид дека честопати се соочуваат со несигурност (од типот морам да имам резерва), во нивната чанта има сè: подвижна аптека, козметика, паричник, разни ситници за не дај боже...

Предлог: Водени од сето ова, покрај една голема чанта, една мала, ние дадовме уште два предлога – ранче, практично и идеално за летото и за нивните потреби, како и металик чанта, која е доволно елегантна за свечена комбинација, но и доволно шик за да се комбинира со џинс.

 

Лав

Моден додаток: Часовник

Лавовите се љубители на луксузот и претерувањето, а часовникот се смета за моден додаток што е израз на статус. Уште ако е златен (буквално или само со таков сјај), уште подобро, бидејќи ќе ви го привлече вниманието, а потоа тоа внимание ќе го насочите и кон тој што го носи, нешто во што драматичните Лавови уживаат.

Предлог: Освен еден златен, наша препорака е и еден во витнтиџ стил што може да изгледа исто така мошне луксузно, и тоа во форма на алка, како и еден класичен во беж нијанси, што би го носеле во секојдневните комбинации. Лавовите немаат време за губење.

 

Девица

Моден додаток: Сите додатоци за коса

Како претставници на Зодијакот што внимаваат на својот изглед, Девиците посебно внимание обрнуваат на косата. Голем број од овие претставници можат да се пофалат со убава коса, но дури и да не е така, со соодветни додатоци за коса и глава, знаат да го направат вистинскиот чекор. Така ја подобруваат својата самодоверба и моќен изглед, кон кој секогаш се стремат.

Предлог: Трака за коса, со која на изгледот ќе му се даде ретро нота е совршен избор за едноставните Девици (едноставни кога е стилот во прашање). Но, исто толку добар избор е венче со тенка панделка, или пак шноли во форма на ѕвезди или друга форма. Иако, на фотографијата ги нема, малку сјај или бисери се исто така нешто што на Девиците може добро да им прилега, бидејќи во сиот минимализам, ваков побогат моден додаток може да остави добар впечаток.

 

Вага

Моден додаток: Марама

Вагите сакаат да се разгалуваат, а марамите во некоја рака можат да им го дадат саканото чувство. Ги носат бидејќи истовремено се пријатни и практични, забавни и одраз на нечиј карактер. Ова е еден од омилените модни додатоци на Вагите од причина што треба да размислите како да го споите со остатокот од комбинацијата, а токму тоа ги привлекува (иако честопати им прави и проблем поради неодлучноста).

Предлог: Ова лето марамата можете да ја носите на плажа во форма на здолниште. Колку поегзотични бои и шари, толку подобро. Естетиката е важна за Вагите. Но, можете да ја носите околу вратот или како топ. Тоа ќе биде супер, бидејќи го изразува вашиот забавен и авантуристички дух.

 

Шкорпија

Моден додаток: фото-апарат

На Шкорпиите не смее ништо да им избега. Тие мораат сè да видат и сè да забележат, сè ги привлекува, затоа овој избор не е изненадувачки, иако можеби фото-апаратот или камерата не спаѓаат во групата модни додатоци. Но, Шкорпиите сакаат и многу забава, како и разни гаџети, па постојано нешто купуваат и се трудат секаде да ги има.

Предлог: Освен фото-апарат (ако е полароид, уште подобро) или камера, нашиот предлог се и фенси слушалки за музика што одлично ќе се вклопат во нивниот список за работи што треба да ги земат за одмор, како и интересни маски за телефон, што ќе ја искажат нивната саркастична страна.

 

Стрелец

Моден додаток: Ѓердан

Колку и да се независни, силни, да ја сакаат забавата, длабоко во себе претставничките на овој знак се нежни, полни со љубов и женственост, а тоа често го искажуваат преку изборот на ѓердани, кои со задоволство ги купуваат и ги одбираат.

Предлог: Токму затоа, нашиот предлог се три различни за да можат да се комбинираат во различни пригоди. Синиот е идеален за лежерни летни прошетки, за облека во бохо стил, во кој Стрелците се пронаоѓаат. Вториот е со геометриски форми, елегантен, идеален за пригоди каде што претставничките на овој знак ќе сакаат да го покажат својот минималистички стил. Третиот пак, е масивен и е дефинитивно парче со кое Срелците ќе го привлечат вниманието на некоја забава, свеченост и слично.

 

Јарец

Моден додаток: Јарец

Како љубители на класиката и минимализмот, Јарците и не носат премногу накит, а и тој што ќе го одберат мора да соодветствува со нивната естетика. Затоа, алката е најдобар избор. Бидејќи може да ги одбедини овие две, а нема да зодаде чувство на непријатност (нешто што обетките или ѓерданите и тоа како можат).

Предлог: Освен едноставните, минималистички како на првата фотографија, на Јарците одлично ќе им прилега и некоја метална и широка, како на пример онаа од фотографијата во сина металик нијанса. Третиот наш предлог е сребрена, со приврзоци, нешто што може да биде сопствена креација и да ги потсетува на драгите луѓе, а сепак не е ни премногу нападна за да се чувствуваат непријатно.

 

Водолија

Моден додаток: Обетки

Водолиите се естети. Сензуални се и уметнички настроени, а обетките ги сакаат бидејќи на различен начин можат да ја искажат таа сензуалност. Сепак, не го сакаат кичот и нападноста, па затоа модните додатоци, како обетките, служат за да го претстават она што им се допаѓа на подискретен, но сепак впечатлив начин.

Предлог: Освен интересни обетки во необични форми, кои може да се и од филигран, или во комбинација метал и бисер, Водолиите одлично ќе се снајдат и со неколку обетки на уво, како и оние што претставуваат мало уметничко дело, бидејќи на такви естети, тоа и им доликува.

 

Риби

Моден додаток: Шапки

Уште едни уметнички души во Зодијакот. Го сакаат секое годишно доба, бидејќи во сè можат да ја препознаат уметноста. Ја сакаат и заводливоста, па летните шешири можат да помогнат во такво расположение.

Истовремено ја сакаат и слободата, а со оглед на тоа дека се темпераментни и често ги менуваат работите, шапките се лесен начин како на најбрз начин да го сменат или прилагодат стилот.

Предлог: Наш предлог се актуелните летни шешири со вез и натписи. Со некоја бохо комбинација, ќе бидат вистинска слободна божица. Но, бидејќи лесно пливаат во секоја ситуација, во својот плакар добро е да имаат и по некое спортско капче, за такви пригоди, или за д

Објавено:
14 јули 2017
Категорија: 
Моден хороскоп
Прочитано:
2.104 пати