23 фотографии кои покажуваат зошто Дуа Липа е модна икона на новата генерација

22 август 2018

Дуа Липа денеска го прославува 23. роденден, а веќе е една од најпопуларните, па следствено и најпродаваните пејачки во светот. Со еден албум зад себе ѝ успеа тоа што на многумина не им успеа со многу повеќе - да стане миленичка на новата генерација.

Во своите интервјуа секогаш сака да истакне дека е горда што ја создава музиката што ја презентира, како и тоа што своите лични чувства, случувања и доживувања ги пренесува на тој начин,  што публиката го препознава, па и оттаму и взаемната љубов.

 

A post shared by DUA LIPA (@dualipa) onAug 22, 2018 at 5:38am PDT

 „За машките изведувачи се подразбира дека создаваат своја авторска музика, а за женските се смета дека сè е однапред веќе направено и испланирано. Исто така, ми пречи што голем број женски изведувачи не се сфаќаат сериозно додека не пеат и свираат пијано или гитара“, ќе рече во едно интервју.

Иако честопати се наоѓа во самиот врв на светските топ листи, успехот не го мери по тоа, туку по настапите и шоу-та и колку големи тие стануваат.

Новата генерација ја сака и поради стилот што го негува, а може да се обедини под епитетот урбан.

Досега сме имале можност да ја видиме во речиси сите изданија - елегантни, провокативни, спортски, урбани... Но, она што речиси секаде се протнува е спортската нота и удобноста.

Што и да носи, изгледа како совршено да ѝ е пријатно во тоа. Кратките маички и панталоните со висок струк се нејзини омилени парчиња, како и патики со волуменозни панталони и јакни.

Со оглед на тоа дека има долги нозе и совршено тело, воопшто не е тешко да се истакне и нејзиниот сексапил, но тоа секогаш го прави со мера и за сега не ја преминала границата на вкусното.

Нејзиниот стил е составен од актуелни парчиња, трендови во кои се пронаоѓа, а во склад со нејзините лични афинитети. Младешки е и сосема соодветствува на годините што ги има, поради што е инспирација за нејзината генерација.

A овие 23 фотографии во чест на нејзиниот 23. роденден го покажуваат тоа:

 

фото извор: pinterest.com; elle.com; harpersbazaar.com;

Објавено:
22 август 2018
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
2.598 пати