+40 Французинки со фантастичен стил

3 мај 2017

Дека Французинките поседуваат посебен шарм и оставаат доем дека префинетиот стил им е генетски наследен, нема дилема.

Затоа сосема е предвидливо зошто токму Французинки биле и се, неисцрпен извор на инспирација, музи на познати уметници, поети, композитори, писатели...

Французинките кои се во својата средна доба од животот пак, ја носат и зрелоста на своите години, а тоа ги прави уште попривлечни за анализа на нивниот стил што се граничи со перфекција.

Издвојуваме неколку Французинки над 40-та година од животот кои пленат со својата појава, став и комплетен животен стил.

Карла Бруни (49) музичарка, текстописец, поранешен модел и поранешна Прва дама на Франција

Емануел Алт (49) актуелна уредничка на парискиот Вог

Изабел Упер (63) актерка

Ванеса Парадис (44) актерка, пејачка, текстописец, манекенка

Жулиет Бинож (53) актерка

Карин Ројтфелд (62) поранешна уредничка на парискиот Вог, а сега е на уредничката позиција во CR Fashion Book

 

Објавено:
3 мај 2017
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
2.400 пати