Пред 45 години умира Џим Морисон, од срцев удар во својот дом во Париз. Триесет години подоцна ќе се јави локалниот сопственик на кафулето каде Морисон одел последните денови и ќе изјави дека умира во тоалетот од прекумерна доза од хероин и лично ќе го пренесе во кадата во неговиот стан.

Кожените панталони се и повеќе од есенцијални кога станува збор за Џим Морисон и никој досега во историјата на рокенролот не успеал ниту одблиску да се приближи на начинот како ги носеше Морисон сите овие кожени парчиња во текот на својата кариера.

Тој е познат токму по носење на кожени палта, кожени панталони и на тој начин се наметнува како модна икона, но без никаков посебен ангажман од негова страна. Многу често го носи и ременот познат како Indian Concho, кој пак ќе придонесе за неговата појава, како препознатлив моден додаток. Морисон ќе остави огромен печат кога станува збор за наредни рок звезди и на некој начин е прв кој ја носи силната порака а пропо, како треба да изгледаш на сцена без притоа никому да се додвориш. Слаб, висок, со продорни сини очи, бескрајно талентиран, творец на „моџо филинг“ и „кулнес“ никогаш нема да се откаже од она што го мисли да го каже и она што наумил да го носи на сцена да го создаде сам и да биде доследен на истото.

Има неколку факти кои мора да ги знаете за него :

1.На 4-годишна возраст ќе биде сведок на сообраќајна незгода во која загинуваат неколку Индијанци,а неколкумина се повредени. Многу често ќе го спомнува овој настан од детството, ќе му биде еден вид референца за многу негови поеми, песни и интервјуа.

2.Џим Морисон запишува режија  на UCLA каде студира на отсекот филмска и тетарска режија. Режира еден експериментален филм како дел од неговите студии: An American Pastoral.

3.Морисон е познат по своето пиење и агресивно однесување, на 19-годишна возраст ќе биде прв пат уапсен поради вознемирување на фудбалски терен.

4.Неговата инспирација ја црпи од Ниче, Дионис, Франц Кафка.

5.Во 1967 година ќе биде првиот рок пејач кој ќе е уапсен на сцена за време на концертот во Конектитат.

6.Ќе одбие да настапи на Вудсток затоа што му било страв дека некој ќе го затстрела за време на настап, по него ќе одбијат и „Битлси“ , „Ролинг Стоунс“ и „Лед Цепелин“.

7.Во 1993-тата ќе биде претставен во Rock and Roll Hall of Fame, рангиран на 47-мото место од набројани 100 најдобри пејачи на светот.

8.Неговиот прекар Моџо е всушност анаграм од неговото име, а подоцна прифатено како еден вид на чувство на опуштање. Исто негова референца во јавноста била и Lizard King.

9. Умира на 27-гофишна возраст, петнаесетти по ред кој се вбројува во КЛУБОТ 27.

10. Неговите последни напишани песни се:„ People are Strange“, „Roadhouse Blues“ и „Alabama Song“.

Објавено:
4 јули 2016
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
464 пати