На 25-ти август 2001 година светот се збогуваше со една од најголемите ар-ен-би ѕвезди Алаја. Таа загина во авионска несреќа, за која се резултатите од испитувањата покажаат дека е виновен пилотот, кој во себе имал трагови од кокаин и алкохол.

Да беше поинаку, таа вчера ќе наполнеше 39 години. Освен со музиката која ја снимаше и беше во врвот на музичката сцена во 1990-тите, таа вниманието го привлекуваше и со стилот.

Не експериментираше со боите, темните беа доминантни, ниту пак имаше некакви ексцентрични изданија, но сепак важеше за модна икона.

Нејзината впечатливост беше во тоа што мошне го имплементираше момчешкиот стил во својот, но на начин да го комбинира со женскиот сексапил. Тоа го правеше мошне умешно, па нешто што никогаш не сте можеле да помислите дека би изгледало добро на женско, таа ќе го покажеше спротивните. 

Сепак, на црвениот килим можеше да се види и во гламурозни изданија.

Оние што се модниот свет ќе речат дека нејзиниот стил на облекување бил мошне напреден за тоа време, како спој на женската моќ, машкиот стил и ар-ен-би музиката.

Благодарение на својата убавина и појава, Алаја во текот на 10-годишната активност снима и неколку филма, а работи и како модел. Не е тајна дека е инспирација за дизајнерите како Калвин Клајн и Томи Хилфигер.

Освен облеката, таа последните години пред авионската несреќа, ја менува фризурата, но исто така почнува и со поизразена шминка, особено на очите.

И после толку години од нејзината смрт, модната и музичката индустрија сè уште ја паметат и посочуваат Алаја како исклучително талентирана, уникатна и впечатлива девојка, непреболена ѕвезда и модна икона која и денес е инспирација за многумина.

Во продолжение ве потсетуваме на дел од нејзините највпечатливи изданија:

Објавено:
17 јануари 2018
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
1.040 пати