Алексис од „Династија“ и денес би била популарна модна икона

29 март 2018

Помладите генерации веројатно слушнале, но не можат ни да претпостават каква популарност доживеа серијата „Династија“. Тоа беше најпопуларната серија во Југославија во 1980-тите, но и не само таму. 

Првата епизода е емитувана во јануари 1981 година, додека последната епизода од прекинатата девета сезона во 1989 година. Во „Југославија“ доаѓа малку подоцна, во 1984 година.

Девет години луѓето ги впиваа приказните од животот на богатото семејство „Карингтон“, со сите сплетки, раскош и гламур.

Серијата посебно беше привлечна поради изгледот на актерите. Облеката што ја носеа тогаш беше одраз на луксузот и нешто за што мечтаат речиси сите зад малите екрани.

Џоан Колинс ја толкуваше злобната Алексис Колинс, која се трудеше на сите можни начини да го уништи животот на поранешниот сопруг Блејк Карингтон, до тој степен што се омажи и за неговиот најголем непријател, Сесил Колби. И така цели 194 епизоди.

Всушност, Алексис се појавува дури на крајот од првата сезона, во последната минута, на последната епизода, на судењето против поранешниот сопруг Блејк. Не било планирано воопшто да се појави во следната сезона. Но, за време на паузата, продуцентите одлучуваат дека Алексис од втората сезона ќе биде дел од серијата и нема да згрешат бидејќи ќе им донесе ултра голема популарност.

Уште поинтересно е тоа што Џоан Колинс ја оствари својата животна улога, благодарение на тоа што истата претходно ја одбиле Софија Лорен (прва ја добила понудата), Елизабет Тејлор и Рејчел Велч.

Можеби не беше омилен лик, но Алексис успеа да наметне нови стандарди кога модата во прашање. Беше вистинска модна икона во серијата, која за многумина беше инспирација.

Ако подобро ги погледнете комбинациите што тогаш ги носела Алексис, не е тешко да се забележи дека голем дел од трендовите се вратија на модната сцена, а таа би била ултра популарна модна икона и денес.

 

Костим со строг крој

Ова е апсолутен хит веќе неколку сезони кај нас, а Алексис Колинс како деловна жена ги преферираше уште тогаш и ги популаризираше.

 

Крзно

Модната индустрија се повеќе се труди да биде еко, па крзнените парчиња немаше да наидат на одобрување сега. Сепак, не можеме да кажеме дека крзното (вештачко) не е популарно. Од бунди, до детали во стајлинзите, и денес има честа употреба како и во времето на „Династија“.

Сјај и луксуз

Фустани и парчиња од светки, тешка тантела, металик сјај се нешто што ја одбележа „Династија“, а е тренд кој и денеска е во самиот врв.

 

Шапки

Еден од препознатливите знаци на Алексис се токму шапките, кои повторно ја доживуваат својата популарност. Таа носеше и турбани и ленти за коса. Пред неколку сезони беа тренд и меѓу помладите генерации, кој бргу стивна, а сега повторно оживува.

 

Длабоко деколте

Фустаните со длабоко V-деколте е тренд кој жените радо го прифатија, а АЛексис го практикуваше во својот стил на речиси сите гламурозни случувања.

 

Нагласени ракави

Тоа е една од препознатливостите на 1980-тите, што дизајнерите успешно го имплементираат и во актуелните тенденции.

 

Панделки

„Гучи“ направи вистински бизнис со нив и станаа еден од најпопуларните модни додатоци веќе неколку сезони, а ги сакаше и Алексис и уште во 1980т-тите беа составен дел од нејзините стајлинзи.

 

Колор-блок комбинации

Само погледнете го палтото. Нема да коментираме ништо повеќе.

 

Принт

Од животински принт, до карирани широки палта, што се ултимативен хит денес, Алексис сето тоа го носеше умешно во серијата која жареше и палеше во 80-тите.

 

Црвен кармин

Црвен кармин - симбол на женственост, моќ, страст, безвременост, класика - беше речиси неизоставен дел од изгледот на Алексис, а неговиот статус остана непроменет до денес.

Алексис е инспирација и денес, а пример е и зимската колекција на „Сен Лоран" за 2016 година зад која се потпиша Хеди Слиман. Во неа има видливи и препознатливи референци токму од оваа серија, 1980-тите генерално и стилот на ликот кој ја прослави Џоан Колинс.

 

фото извор: yahoo.com; pinterest.com;

Објавено:
29 март 2018
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
2.440 пати