Прекрасната 33 годишна Анѓелка Прпчиќ важи за една од најпопуларните и најбараните балкански актерки на денешницата.

Огромната популарност таа ја стекна во серијата „Андрија и Анѓелка“, но и благодарение на одличните улоги во нејзиниот матичен театар.

Во моментов таа е актуелна со нејзината најнова претстава „Што ме снајде“ со која гостува во различни театри низ Балканот, а нејзините обожаватели ќе кажат дека ова е една од нејзините подобри претстави.

Покрај неверојатниот талент и шарм со кој таа плени, Анѓелка е позната и по одличните и стилски комбинации во кои можеме да ја видиме секојдневно на фотографиите што ги објавува на нејзиниот Инстаграм профил.

Glossy

Во однос на нејзиниот стил таа ќе каже дека сака работи што добро и стојат и не сака да ги менува тие парчиња.

„Го сакам кежуал стилот, обожавам пруги, цветни принтови, чанти, чизми, ѓердани и сите останати модни додатоци“, изјави таа во едно интервју за магазинот Hello!.

Додава и дека за неа стилот се негува од мали нозе, не во однос на трендовите, туку во однос бон-тон.

„Тренерките и патиките се за една прилика, но одредени ситуации навистина бараат елегантни парчиња како кошулка и панталони. За мене, тоа е домашно воспитување“, вели актерката.

Story.rs

Ќе каже дека и покрај бројните улоги што ги има одиграно во животот, најдрага и е онаа на мајка на малиот Јакша.

Glossy

„Денешните деца се толку зрели и со широки сфаќања, паметни се и разбираат сè. Јакша има некоја емотивна зрелост со која успева да разбере сè што му говориме јас и мојот сопруг. Неодамна, на едно патување, едно детенце го праша „Дали е ова актерката Анѓелка“?, на што тој му одговори, „Не, ова е мојата мајка“. Токму тоа, да бидам негова мајка ми е најдрага улога“, изјави таа во едно неодамнешно интервју за магазинот Азра.

Avaz.ba

Во галеријата погледнете некои од нејзините најстилски моменти во кариерата и приватниот живот.

Објавено:
7 јули 2018
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
887 пати