Бариш Ардуч - стилот на најпопуларниот турски актер низ 31 фотографија

9 октомври 2018

Македонската публика го запозна благодарение на серијата „Вљубениот ерген“, а всушност тој ангажман ќе му донесе и светска популарност. Бариш Ардуч многу бргу стана миленик на голем број жени. Во неговата појава многумина ја препознаа својата замисла за совршен маж.

Во овој контекст говори и фактот дека неговиот Инстаграм профил го следат преку 5 милиони луѓе. Роден е на денешен ден 1987 година, во Швајцарија, како второ дете на Ѓулај и Ерол Ардуч, семејство со албански корени. Неговиот постар брат се вика Онур, додека помладиот е Мерт. 

Семејството се враќа во Турција кога Бариш ќе има осум години и животот го продолжуваат во Инстнбул, каде и денес живеат. 

После средното училиште, ќе добие стипендија за „Спортска академија“ на универзитетот во Кајсери, но ќе се врати во Истанбул после само една година, бидејќи нема да може да се адаптира. Сепак, спортската навика ќе му остане, па со оглед на тоа дека ќе биде активен во пливање, нуркање, фудбал, кошарка, ракомет, ќе стане дел од „Turkey Underwater Sports Federation“, а ќе работи и како спасувач осум години.

Средбата со актерката Ајла Алган сосема ќе го смени неговиот правец, па ќе започне да се образува во таа насока и актерството ќе стане негова професија. 

Првите ангажмани ќе ги добие во 2011 година, а неговата популарност со секој нов проект ќе расте. 

Во Турција е познат и по хуманитарната работа, но и по стилот кој секогаш е беспрекорен. 

Доказ за тоа ќе биде и признанието што во 2016 ќе го добие од турското издание на GQ, кое ќе го прогласи за „Маж на годината“.

 

Токму поради стилот кој варира од спортски до класична елеганција, честопати е дел од модни едиторијали и насловни страни на модни магазини.

Во продолжение неговиот стил ќе го претставиме преку 31 фотографија за неговиот 31.роденден.

 

фото извор: pinterest.com; twitter.com/h2onoktanet; ww.facebook.com/pg/Ardc.Bars; lofficiel.com.tr; all.com.tr; hurriyet.com.tr; elbarclub.blogspot.com; 

Објавено:
9 октомври 2018
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
1.967 пати