Веруваме дека се сеќавате на романтичната венчавка на прекрасната Беатриче Боромео (31)  и синот на принцезата Каролин од Монако и внук на Грејс Кели, Пјер Касираги првин во Монако, па во Италија, кај езерото Маџори.

Облечена во фустан од модната куќа „Армани“, Беатриче уште тогаш ги освои симпатиите на сите.

Без разлика дали сте се сретнувале со нејзиниот стил претходно или не, факт е дека таа е една од најдобро облечените млади „кралски“ членови. Иако не е во центарот на јавноста, како што тоа е Кејт Мидлтон, сепак факт е дека нејзиниот стил е беспрекорен.

Предноста на Беатриче во однос на сите останати е што умее да ги носи речиси сите стилови. Досега сме ја видале и во бохо-комбинации, и во одела, како и во гламурозни креации.

Одлично ѝ прилега и трендот на „слип“ фустани, како во минималистички и официјални стајлинзи.

Често е посетител на модните недели, каде можеме да ја видиме во полежерни комбинации. За време на модната недела во Париз за есен 2016 година, двојката се појави во сличен стајлинг со што го освоија симпатиите на модните инсајдери.

Во галеријата погледнете дел од најдобрите изданија на оваа млада дама на чие место веруваме би сакале да бидат многумина.

Објавено:
8 март 2017
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
642 пати