Бјанка Џегер - единствената сопруга бунтовничка на Мик !

20 февруари 2017

Поранешната сопруга на Мик Џегер, Бјанка Џегер е можеби една од најзначајните трендсетерки на своето време.

Освен нејзиното потекло од Никарагва, нејзиниот жесток темперамент ја издвоило од мноштвото тогашни манекенки .

Во 70-тите години од минатиот век била сеприсутна на модните писти, а до ден денешен се памети нејзиното влегување на бел коњ за нејзиниот роденден во култната дискотека во Њујорк „СТУДИО 54“. Фустанот со спуштени раменици е дизај на модниот дизајнер Халстон кој пак во тоа време бил омилен дизајнер на сите звезди.


Во 1971 година се веначале со Мик Џегер и за таа прилика ќе  одлучи да носи бело одело без градник како што и доликува на една бунтовничка. Енди Ворхол ја нарекува своја муза и често се појавуваат во јавноста.

Носела високи чизми, плисирани здолништа, панталони со висок струк, минималистички чанти. Со нејзиното секогаш бунтовничко однесување станува и еден вид култна женска фигура во тој свет. За нејзиниот брак со Џегер ќе каже дека завршил истиот ден  кога започнал.

Неколку часа пред венчавката во Сен Тропе имале жестока расправија затоа што таа одбила да потпише предбрачен договор.

Во брак остануваат година дена и тоа поради ќерката Џејд. Кум ќе им биде Кит Ричардс. Бјанка од тој брак ќе добие еден милион долари кои едвај ќе успее да му ги извлече на Мик, според нејзините зборови .

Во 1978 година ќе подесе тужба за развод затоа што Мик Џегер има афера со Џери Хол, подоцна и негова сопруга .

Како стипендист на Парискиот институт за политички науки таа по раѓањето на Џеј, ќе се посвети на студиите и на нејзината кариера која има општествена одговорност.


Денес Бјанка Џегер е борец за човекови права, во Советот на Европа е амбасадор на добрата волја, а е основач на Бјанка Џегер фондација.

Бејбимама

Објавено:
20 февруари 2017
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
451 пати