Дајан Кругер во нераскинлива врска со модата

4 мај 2018

Актерката со германско потекло Дајан Кругер (41) со години наназад е модна инспирација и на дизајнери, но веруваме и на обичните жени. Со своите комбинации, кои некогаш се олицетворение на едноставноста и класиката, а некогаш на модната храброст и одважност. 

Во 1992 година ја претставува Германија на „Elite Model Look“, по што започнува и нејзината кариера во моделингот, која нема да трае долго. Сепак, и во тој краток период ќе успее да оствари соработки и да се појави во рекламни кампањи на „Сен Лоран“, „Шанел“, „Салваторе Ферагамо“, „Армани“, „Диор“, „Барбери“, „Луј Витон“, „Марк Џејкобс“, „Долче и Габана“ и други... 

Ќе се појави и познати модни магазини меѓу кои француското издание на „Вог“, потоа „Космополитен“, „Мери Клер“...

И покрај надежната кариера во светот на модата, Дајан бргу сфаќа дека актерството е она што вистински го сака и ќе се посвети на таа кариера, за таа цел ќе оди на часови по актерство во приватното француско училиште „Cours Florent“. Првото филмско деби ќе го има во 2002 година во остварувањето „The PIano Player“, по што ќе се редат бројни успеси. Посебно ќе стане популарна по остварувањето „Troy“, каде ја толкува Хелена.

Меѓутоа, нејзината врска со модата не завршува. Низ годините повеќе пати се нашла на листите на модните магазини за најдобро облечени жени. 

Исто така, таа е една од музите на Карл Лагерфелд, со кој е и добра пријателка. Во 2013 година, беше дел и од краткиот филм за модната куќа „Шанел“ насловен како „„Каде започнува убавината". 

Запаметена е и соработката со Џејсон Ву, со чија помош ја дизајнираа чантата насловена по неа „Дајан“. Изработена е од крокодилска и кожа од питон во неколку бои и како изјави тогаш дизајнерот, олицетворение е на безвременост, како и убавината на Дајан. 

Во продолжение ќе погледнете дел од нејзините највпечатливи модни изданија, а ќе се согласите дека со својот стил и изглед е инспирација за многумина жени:

 

Објавено:
4 мај 2018
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
546 пати