Далида е една од најголемите ѕвезди во 20-от век. Сѐ што можете да си замислите што една дива може да поседува како талент, гламур, убавина, сексапил, Далида имаше и повеќе од наведеното.

Нејзината кариера почнува во 1954 година како Мис на Египет, се сели во Париз и почнува музичка кариера .

Исклучително вреден и посветен уметник, можеби една од најдобрите во својот бизнис, ако не и најдобра. Нејзината интернационална кариера опфаќа песни на седум јазици, концерт по концерт, настапи по разни светски телевизиски програми. Има продадено над 80 милиони примероци плочи, има 55 златни плочи и е прв артист кој добива дијамантски диск .

Далида е диско кралица многу време пред другите, како и модна икона. Легендарна со својот единствен вокал, кој го препознавате после првото слушање, има и извонредна фигура и исклучително чувство за стил. Инаку, регуларен клиент на големиот Пјер Балман, кој ги дизајнира сите вечерни тоалети во кои настапува низ годините.

Во средината на 1970-тите станува добар пријател и со Азаро и Ив Сен Лоран. Сите сакаат да дизајнираат за неа. Велат дека таков суптилен раскош никој така убедливо не пренел на сцена.

Балмановите креации се полни со рачно везени бисери, кристали,толку едноставен и неверојатен моќен. За време на нејзината диско-ера соработува со Лорис Азаро која за потребите на нејзиното шоу креира гламурозни и функционални костими. Дванаесет костими за потребите на ова спектакуларно шоу во Palais des Sports in Paris од 5-ти до 20-ти јануари 1980 година. Сите распродадени во рекордно време. За потребите на ова шоу ќе ангажира кореограф од Бродвеј со 11 танчери и 30 музичари на сцена.

За време на сите тие години исполнети со многу работа и само работа, нејзиниот приватен живот е проследен со многу тажни и чудни приказни, освен што е една од трите жени покрај Јованка Орлеанка и Сара Бернар што има своја статуа, тројцата вереници(љубовници) со кои била во текот на животот ќе извршат самоубиство.

Осамена, тажна, истоштена, чувствувајќи како нејзината кариера расте, длабоко во себе сѐ повеќе и повеќе се чувствувала осамена.Одеднаш длабоко во себе се почувствувала како старица не можејќи да го издржи товарот на сите околности. Често пеела на своите концерти:„Сакам да умрам на сцена“. Била убедена дека животот повеќе не може да ѝ даде ама баш ништо и на 2-ри мај 1987 година ја пишува својата последна порака :„Простете ми, животот ми стана неподнослив“.

Воедно жива и тажна дива, Далида беше целосен пакет на сцена со снимено 500 француски песни, 200 италијански и 200 на останати јазици.

Ќе испие цело шише таблети за спиење, ќе ја изгаси за прв пат во својот живот ламбата до својот кревет, оти постојано спиела со светло и ќе се збогува со самата себе.

Ако веќе зборуваме за модна икона, Далида е сигурно првата!

Бејбимама

 


Објавено:
13 септември 2016
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
820 пати