Дин Мартин маж од некое друго време

22 ноември 2016


Дин Мартин е одличен избор во секоја смисла кога станува збор за актер, пејач, забавувач, шармер, освојувач на женски срца, милиони продадени плочи, лојален пријател, омилен колега.

За него велат дека секогаш успевал да ја измами насмевката на луѓето околу себе. Велат дека ако сакате да сте вистински џентлмен тогаш само следете го начинот на кој тоа го правел Дин Мартин.
Роден како Дино Пол Крочети е со право наречен „King of Cool“ и е еден од најуспешните забавувачи во 20-от век. Неговата успешна приказна доаѓа кога се спојува со легендарниот комичар Џери Луис и заедно го креираат проектот „Мартин и Луис“. Двајцата ќе снимаат неколку хит комедии се до 1956 година и се разделуваат на професионален план.


Дин Мартин продолжува со својата соло кариера снимајќи хитови како што се „Everybody loves somebody„, „That is Amore“ и култната *„Mambo Italiano“. Подоцна ќе продолжи со снимањето филмови како што е Oceans 11, а сетот е сместен во Лас Вегас .

Дин не бил многу луд по својата работа, не сакал напор и нервози, напротив за време на снимањето на неговото шоу, Дин Мартин Шоу, никогаш не пробувал претходно, работел само два часа неделно што значи само за време на снимањето на шоуто, не сакал проби, а верувал во спонтаност.

Дури и кога ќе направел грешка за време на некое снимање, режисерите не го враќале, знале дека тоа нема да им биде од корист. Причината поради која тој не сакал да губи време на проби е затоа што сакал да ужива во неговите слободни активности кои имале приоритет кај него, а една од главните причини е неговата пасија за голф. Ќе избегнел и добра забава ако другото утро имал закажано партија голф. Неговиот потемнет тен е од зелените голф терени во Калифорнија на кој бил тој постојано.


Најкул моментите од неговата кариера е дружењето со неговите другари од Рет Пек предводени од Френк Синатра, Семи Дејвис Џуниор, Џо Бишоп, Питер Лафорд. Снимале заедно, се дружеле на приватни забави постојано, настапувале во Лас Вегас, поточно биле кралеви на ноќниот живот во Лас Вегас. Каде и да биле присутни предизвикувале невидено внимание од жените обожувани, од мажите почитувани. Имале свои правила на однесување и свои правила на игра.

Иако Синатра бил официјален лидер на Рет Пек, Дин бил тој кој најмногу владеел на сцената кога настапувале заедно. Висок, згоден тој со својата физичка појава бил доминантен, но за волја на вистината имал најдобри стенд ап парчиња и бил најдуховит.

Мартин важел за еден до најстилските ѕвезди во Холивуд. Во тоа време секој се облекувал поинаку за некој настан, но Дин успеал да изгради единствен, класичен стил со неизбежното црвено шамивче вметнато во костумот.

Останува впечатокот на неговата перфектно залижана коса, неговите сиво сини комбинации на костуми, внимателно одбран колан на панталоните и моментот на цигара во неговата лева рака. Во тоа време не можело да бидеш кул ако не пушиш, ќе рече во едно интервју самиот Мартин.

Тој постојано пушел и никогаш тоа не влијалело на квалитетот на неговиот глас, секогаш имал во другата рака чаша со виски. Со алкохол на сцена, но никогаш пијан. Велат дека знаел добро да се контролира.
Имал се што можело да се посака за време на неговиот живот.

Мартин е стилска икона и во традиционален контекст, начинот на неговот пристојно однесување, харизма, способноста да ги направи среќни луѓето околу себе и голем пријател. Кога сите ќе ја отпишат Мерилин Монро и кога филмското студио ќе и даде отказ за време на снимањето на последниот нејзин незавршен филм каде партнер и е Дин Мартин, тој единствен ќе каже на продуцентите: Ако не снима Мерлин,не снимам ниту јас.

Дин Мартин е лик од друга ера ќе рече некој, време кога мажите умееја да бидат забавни и без непримерни изрази или пцовки. Време кога да бидеш одмерен, софистициран и љубезен не биле табу и лажен мачоизам. Во ова време невреме на социјални медиуми можеби е важно да подзастанеме малку да размислиме за вистинските вредности и да се запрашаат мажите дали постапуваат вистински и доследно.


Мартин бил редовен муштерија во Деворс, каде во тоа време за костум по мерка чинел ни повеќе ни помалку туку 285 долари. Таа идеалност која толку добро му прилегала на Мартин станала негов заштитен знак во текот на неговата кариера.
Сакате да сте Дин Мартин?

Обидете се. но тешко. Не е само костумот, има нешто и во насмевката и умот.

Бејбимама

 

Објавено:
22 ноември 2016
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
204 пати