Дина Абдулазиз ел – Сауд, принцеза од Саудиска Арабија и сопруга на принцот Абдулазиз бин Насен, важи за најмодерната жена во оваа земја. 

Одлучно се одрече од носењето хиџаб и поради таа одлука предизвика бурни реакции на тамошната јавност. Но, и покрај бројните критики од родната земја, таа никогаш не се откажува од својот шик стил. 

Таа има неверојатно чувство за стил поради што многумина ја споредуваат со единствената Кери Бредшо од серијата „Сексот и градот“. 

Прекрасната бринета титулата принцеза ја понесе во 1996 – тата година. Нејзиното интересирање и наклонетост кон модата во 2006 – тата таа го претвори во успешен бизнис кога низ неколку места во нејзиниот крај ги отвори бутиците „ D’NA“ каде може да се најдат бројни дизајнерски парчиња. 

Со текот на времето, нејзините продавници станаа вистински хит и препознатлив моден бренд, а Дина најважната трендсетерка која во Саудиска Арабија ги носи сите трендови. 

Јавноста во Саудиска Арабија смета дека со нејзиниот модерен и слободен стил на облекување и самото тоа што не носи хиџаб, не ја претставува нејзината земја на вистински начин. 

Таа пак смета дека модата и тоа како знае да се цени во нејзината земја.

„Модерните муслимански жени се многу заинтересирани за мода. Последнава деценија жените на Блискиот исток станаа навистина модерни и заинтересирани за трендови и дизајнерски парчиња“, вели Дина. 

За себе ќе каже дека сака многу често да го разгледува својот плакар и да најде некое парче што не го носела одамна и да го комбинира во некој стајлинг.

Ужива да носи накит, а како омилено ќе го посочи ова златно ланче од дизајнерката Анелис Микелсон, на кое таа е единствениот сопственик во светот.

Дина ќе каже дека секојдневните комбинации ги прави рано наутро, во зависност од тоа во кој град се наоѓа, какво е времето, како е расположена и уште неколку други работи.

„Јас се инспирирам буквално од се, од моите сеќавања, од местата што сум ги посетила, од филмовите, изложбите, книгите и што уште не. Инспирацијата никогаш не ми доаѓа од еден конкретен извор. Можам да се инспирирам од конкретна личност или деценија, но сепак, крајната инспирација е од нешто низ што сум минала во мојот живот“, вели Дина.

Објавено:
1 јуни 2016
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
3.111 пати