Џејн Биркин: Симбол за слобода и стил!

5 февруари 2016

Џејн Биркин – актерка, пејачка, муза, мајка, хуманитарец, инспирација, ѕвезда... Секоја од овие нешта ја направија модна икона. Иако родена во Британија, најпрепознатлива е по францускиот шик што го негуваше во стилот.

Во интервјуто за Vogue таа открива како не разликувала еднина од множина.

-Ја излудував мајка ми. Знаеше многу да се налути. Ми велеше: „Кога кажуваш еден или ние, мислиш ли на тебе?“. Мене ми беше тешко да кажам „јас“. Не знам што кажува тоа за мене лично, но така беше.

Во ова време на нарцисоидност и егоцентризам, одбегнувањето на „јаството“ е дури и освежувачки.

Инаку, Џејн Биркин (69) е ќерка на актерката Џуди Кампбел и Дејвид Биркин, командир во морнарица. Особено е приврзана за своите деца, внуци и хуманитарната работа по која е и најпозната во последните години. Имаше долгогодишна и страсна врска со Серж Геинсбург, со кого ја има ќерката Шарлот, а пред тоа две години беше во брак со познатиот композитор Џон Бери (најпознат по музиката за бројните филмови за Џејмс Бонд), со кого пак ја добија ќерката Кејт, која почина во 2013 година.

Џејн со двете ќерки

По неа е наречена и Ермес чантата, но Биркин не сака да зборува за тоа. Бараше да се повлече нејзиното име, бидејќи чантата е од кожа од животно, што се коси со нејзините ставови.

Вели, не ги слуша своите плочи и не ги гледа филмовите во кои глумела. Или не бар со звук.

Во продолжение ви пренесуваме дел од нејзиното последно интервју за магазинот, каде открива по нњешто  од своите спомени, навики, секојдневие. Дел ви пренесуваме во продолжение:

Како поминува еден Ваш ден во Париз?

-Мислам дека е добро. Всушност и не знам точно што се случува во Париз бидејќи се подготвувам да одам во Њујорк, за претстојните модни недели. Но, неодамна гледав одличен филм со Жерар Депардје и Исабел Хаперт, се вика Valley of Love, или некој глупав наслов во тој стил. Сепак, навистина е добар. Тие одат во пустина, бидејќи нивниот син, кој е починат, им остава инструкции (посебно на мајката, посебно на таткото) дека сака да се најде со нив во Death Valley. Прекрасен филм и нема потреба да потенцирам дека ве тера да плачете кога Депардје не може да го изговори текстот, само седи во пустината и мисли дека го гледа синот. Неверојатно е, навистина добра изведба. А вечерта пред тоа, со внуците бев по четврти пат да го гледам Mustang. Секој што го сакам, го носам на тој филм, затоа што потоа сте сигурни дека ќе размислуваат потоа. Многу пријатен филм.

Една сте од жените на кои најмногу им се восхитуваат во светски рамки. Икона можеби и не е најдоброто решение, иако мислам дека во вашиот случај и не е претерување. Како е да се живее покрај сопствениот мит? Или, колку сте вие самите свесни за тоа?

-А не. Не сум свесна. Мислам дека сè се случи затоа што бев убава – а од друга страна во Франција јас бев навистина обична. Но, имав необично силен британски акцент. Постојат филмови во кои не можете да глумите токму поради тој акцент. Па, или требаше да бидат посериозна одошто сум, или да одлучам да не се оптоварувам со тоа (што и направив) или да се потрудам да се прилагода, да го „омекнам“ (што никако не сакав да го направам). Кога имав околу 40 години, ми се посреќи. Работев два филма со Ањез, но исто така бев дел од драма со Патрис Шеро (La Fausse Suivante), што беше веројатно најдобрата работа што некогаш сум ја направила. Тој беше многу храбар. Дотогаш бев по малку забавна, сите те сакаат, по малку бев како инвентар... но никој не мислеше дека може да дојдеш до театар и да бидеш грофица. Но, тој беше храбар.

И вие бевте храбри.

-И јас бев да, можеби, но знаев дека сум многу далеку зад останатите актери. Затоа го научив текстот претходноработев и со професор. Оттогаш се посветив сериозно на тоа да бидам добра колку и сите други. Тоа ми ја донесе пејачката кариера, што инаку никогаш не би го направила. Или настапот во Батаклон. А имав 40 години. Сите зборуваа, ќе се осмели ли, а тоа беше уште позастрашувачки. Фактот дека луѓето знаат дека си исплашен. Затоа, јас ја скратив косата и облеков момчешка облека и го направив мојот прв концерт, токму таму, а Серж беше таму и беше неверојатно.

Џејн и Серж

Со сите уметници е исто, никогаш не се задоволни, секогаш бараат нешто ново. А од друга страна изгледа како да имате голема животна слобода. Се вљубивте во Џон Бери, работевте заедно. Сметате ли дека тоа ви помогна или ви донесе нови ризици?

-Не мислам дека бев храбра. Имав смелост бидејќи Џон Бери мислеше дека не можам да го направам тоа. Тоа беше (за голата сцена) за во Blow-Up. Ми рече: „Ќе ги тргнеш светлата, нема да се осмелиш да го направиш тоа“. Па за тоа – имав смелост! 

И кога ќе си ги погледнам дневниците од тој период, кои би сакала да ги објавам еден ден, гледам дека две години сум се грижела е да забременам со Кејт. Тоа единствено ми било важно. И мојот страв да го изгубам Џон, што го чувствував во секоја минута од мојот живот со него.

Џејн и Џон Бери

Навистина?

-Апсолутно! Бев толку возбудена и преплавена од емоции што сум со некој што е толку внимателен со музиката. Но, сите мои молитви беа насочени кон Кејт. Многу стравував да не ја изгубам. И сега ја изгубив. Боже, таа беше толку многу забавна, авантурист и одличен фотограф. Нејзините фотографии ќе бидат изложени во Линколн Центарот, фотографии од актерки и филмски ѕвезди. Бев многу млада кога ја добив, но си помислив: „Го имам ова бебе и никој нема да го направи тоа како мене, затоа: Замолчи!“. Тоа што станав мајка ми даде голема самодоверба. Бев многу среќна. Никогаш не помислив дека остатокот од мојот живот ќе го поминам во Франција. Не можев да се вратам во Лонон. Мајка ми, која беше одлична актерка, и вистинска убавица, беше во Анлгија. Доколку се вратев во Лондон ќе не споредуваа, а вака не можеа. Го учев францускиот од чаршав и тоа за првиот француски филм што го снимив Slogan, не беше добар, но јас бев среќна бидејќи го запознав Серж.

Многу луѓе ве карактеризираат како стилска икона. Произлегува ли тоа и од “несериозноста“ во животот и забавата што ја имавте, особено во периодот со Серж?

-Серж сакаше да оди во модни куќи, па одевме заедно и ги гледавме девојките што шетаа во разни фустани. Тој одлучуваше што ќе носам, а што не, особено кога се големите настани во прашање. Носев Сен Лоран, носев момчешки маици. Но, во 1968 година тој одлучи дека ќе носам краток фустан и шминка. Сега посакувам некој да можеше да ми помогне, да ми каже како да се ослободам од шминката на очите! Но, морав да почекам за тоа секогаш да можам да изгледам како што изгледам наутро. Кога ќе помислам на некои од филмовите што ги снимив, мислам дека најдоброто мое издание беше во реалниот живот. Немав самодоверба на филмска камера или на сцена. Но, имав самодоверба за сè што сакам во реалниот живот. Со Серж можевме да одиме во ноќни клубови и во пижами, но ние носевме маици, џинс, и иако не бевме најдотерани нè пуштаа. Некои други не. А сè затоа што луѓето го сакаа Серж.

За крај, дневниците што ги споменавте, навистина ли ќе ги објавите?

-Да, ќе го направам тоа. Веќе се видов со еден уредник. А ќе пишувам до последен здив. Кога ќе се вратам во Париз, со другарка ми Габриел ќе ги листаме страниците што сум ги напишала кога имав 12 години. Всушност, навистина е освежувачки да се види тоа, да се види како една личност во голема мера зависи од други и колку некој бил мизерен. Во дневниците имам и неколку цртежи – од Серж, Кејт и Шарлот под чадор. Не можев да поверувам колку едноставно било, во шармот на овие обични денови. Ми се врати сè!

Објавено:
5 февруари 2016
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
390 пати