Француска авангардна стилска икона на новата генерација - Соко

12 јули 2017

Сензационалистичките американски медиуми ја открија откако се слушнаа гласини за нејзината наводна афера со актерката Кристен Стјуарт. Но, европската публика ја препозна многу пред тоа, како талентирана истовремено и ексцентрична пејачка, композиторка и актерка.

Getty images

32-годишната Французинка Соко е мултиталентирана артистка, свири гитара, бас, тапани, клавијатури и сама ги режира своите музички видео спотови.

Нејзиниот татко починал кога имала само 5 години и тоа го наведува како главен фактор зошто смртта е најчесто водечка тема во нејзините дела.

Getty images

Тие што ја следат европската кинематографија, знаат дека до сега се појавила во повеќе француски филмови, а во 2010 година дури била и номинирана за престижната Cesar Award за најветувачка актерка, за нејзината улога во филмот „À l'origine".

Фото: house - backyard opera

Кога е во прашање стилот – оваа тема е уште еден нејзин адут. Во никој случај нејзиниот имиџ не е „комерцијален", ниту лесно сварлив за пошироката публика, но она што е дефинитивно е дека таа е вистинско олицетворение на младата француска модна авангарда.

Фото: Models.com

Сосема удобно се чувствува во првите редови на најпрестижните модни шоуа, особено на свој терен, во Париз, кога секогаш е забележана меѓу најуникатните гости.

Фото: Models.com

Ексцентрична и еклектична, со доза на панк и доза на винтиџ романтична естетика, Соко сама за себе е дефиниција за стилска индивидуалност.

 Getty images

Фото: Pinterest

Фото: Pinterest

Објавено:
12 јули 2017
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
204 пати