Иако многумина ќе кажат дека тој изгледа добро само кга работи со професионален стилист, нам сепак ни се допаѓа и приватниот стил на познатиот шпански актер Хавиер Бардем.

British GQ

Се чини дека актерот е вистински вљубен во лежерните комбинации, па за прошетките со неговата сопруга Пенелопе Круз секогаш одбира еднoставни фармерки и маичка на куси ракави или блузон.

Daily Mail Online

На црвениот килим досега никогаш не се случило да ги изневери неговите обожаватели, па така секогаш можеме да го видиме во внимателно одбрани костими со модни додатоци.

E Online

Тој речиси секогаш одбира класичен црн костим со бела кошула која му стои неодоливо, освен во моментите кога мораше да качи голем број на килограми за улогата на Пабло Ескобар, филм во кој глуми заедно со сопругата.

Ermenegildo Zenga

Во Шпанија, мажите го почитуваат, а жените го обожаваат, пишуваат сите новинари кои имале можност да се сретнат со него.

Неодамна, тој беше заштитно лице на популарниот италијански бренд Еrmenegildo Zegna заедно со неговиот помлад колега Дев Пател, а во истата и двајцата изгледаат фантастично.

GQ Germany

Што се однесува до неговите улоги, за речиси секое филмско остварување тој ги добива сите пофалби и критичарите секогаш посочуваат дека е вистински камелеон.

Just Jared

Во галеријата погоре погледнете некои од неговите највпечатливи фотосесии и секојдневни стајлинзи.  

Објавено:
21 ноември 2018
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
440 пати