Каква мајка таква ќерка – стилски тандем Лиза Бонет и Зое Кравиц

22 март 2018

Двете познати актерки, мајка и ќерка, Лиза Бонет и Зое Кравиц, важат за стилски тандем кој отскокнува од стандардниот холивудски гламур.

Егзотични и посебни во секој поглед, Зое и Лиза се урбани модни икони чиј белег е индивидуалноста.
Тие со својата појава секогаш носат посебен шарм и се издвојуваат од мнозинството, а особено кога се појавуваат заедно.

Во суштина имаат сличен стил, но секоја го носи со посебен став – а токму ставот е тоа што ги прави особени.

Со оглед на тоа дека се работи за рокерско семејство, нивниот имиџ секогаш има алтернативна нота, а тоа е една посебна карактеристика што ги носи на едно сосема поинакво ниво во однос на стилот.

Фризурата е еден исклучително значаен сегмент во нивниот имиџ, од екстремно кратка коса до долги плетенки и суканици – тие често знаат да ескпериментираат и во овој домен.

Доколку ги следите на социјалните мрежи, ќе забележите дека честопати „позајмуваат" облека една од друга или пак парчиња накит.

И двете се активни и во модната индустрија како инспиративни музи на многу дизајнери и модни брендови, а исто така имаа заедничка кампања и за Калвин Клајн во 2016-та година.

 

Објавено:
22 март 2018
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
795 пати