Камила Морони - Девојката која не греши при изборот на свечени креации

12 декември 2019

Камила Морони е 21-годишен модел и веќе подолго време девојка на актерот Леонардо Дикаприо (45). Успешна е во својата кариера, но годинава посебно беше забележана поради фантастичните модни комбинации кои ги презентираше, пред сè на црвениот килим.

Иако може да се пофали со совршени пропорции, таа не ги нагласува на вулгарен начин ни одблиску. Исто така, за пофалба е што на секој настан каде што присуствува се труди да биде поинаква.

Така, некогаш ја гледаме во фустани што ја следат линијата на нејзиното тело, друг пат е во креации што се со поуметнички израз, но она што е сигурно е дека не се откажува од женственоста и елеганцијата. Фустаните што ги носи се најчесто долги, па дури и во секојдневниот стил попрво ќе се одлучи за фармерки отколку мини должина.

Инаку, покрај моделството, се занимава и со актерство. Имаше улога во 2013 во филмот „Буковски" за кој сценариото го пишуваше Џејмс Франко. Потоа следи и соработката со Брус Вилис во претстојното остварување „Death Wish".

Во медиумите се шпекулираше дека нејзината мајка, Лусила Сола (38) се забавува со 77-годишниот Ал Пачино. Таткото на Камила пак, Максимо Морони во минатото исто така се занимавал со моделство, а бил дел и од рекламните кампањи на Долче и Габана.

Со оглед на тоа дека е празнична сезона, за сите вас што сакате да изгледате погламурозно, инспирацијата можете да ја најдете токму кај оваа млада девојка:

 

 

фото извор: Instagram.com/Camila Morone; pinterest.com/camilamoronestyle; 

Објавено:
12 декември 2019
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
1.274 пати