Ќерката на Синди Крафорд е тинејџерска модна икона

12 септември 2017

Иако има само 16 години, Каја Гербер, ќерката на Синди Крафорд и Ренди Гербер, е се поактуелен лик во медиумите. Не само заради тоа што неверојатно личи на мајка си, туку и поради сериозно изостреното стилско чувство, што се манифестира преку беспрекорно избраните стилски комбинации соодветни на приликите каде се појавува.

Фото извор: Daily Mail

Беше на насловната страница на Teen Vogue во септември минатата година, а веднаш следниот месец имаше одлична фотосесија и за Interview Magazine.

Фотосесија за Interview Magazine

Фотосесија за Interview Magazine

Фотосесија за Interview Magazine

Периодов е актуелна и во првите редови на ревиите на Модната недела во Њујорк.

Она што веќе може да го препознаеме во нејзиниот имиџ е нејзиниот талент во „миксањето" на стиловите. Ќе ја видите во масивни, црни мото чизми комбинирани со романтично фустанче или пак во шик костум комбиниран со патики.

Модното школо од нејзината мајка која важи за еден од водечките модели од „златната генерација", веројатно има голем удел во градењето на нејзиниот стилски идентитет.

Фото извор: Popsugar

 

Објавено:
12 септември 2017
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
1.793 пати