Најплатената филмска ѕвезда на своето време, Стив Меквин (1930-1980), актер со бунтовничка природа, антихерој познат по својот прекар во филмските кругови како „he King of Cool." Познат по улогите во филмовите: The Thomas Crown Affair, Bullitt and The Getaway.


Надвор од филмскиот сет бил пасиониран автомобилиста, се натпреварувал рамо до рамо со најдобрите, но со неговиот однос кон модата и начинот на кој тој умеел да носи аутфит, во текот на неговиот живот го завзема приматот на исклучително модерна урбана филмска ѕвезда.

Неговиот стил ден денес може да го препознаете кај Бред Пит, Том Круз... Мудар во своите избори кога станува збор за облеката, тој е перфектен во изборот, било да се работи за класична спортска американска варијанта давајќи мажественост, дури и грубост која е допадлива затоа што тоа е само нешто однадвор кое тој го пласирал.

Во неговите секојдневни појавувања присутни се секогаш неколку парчиња и тоа: пилотската јакна, костум со тесен крој, спортски јакни, „ветровки“ со патенти, „каки“ панталони, ролки во различни бои, поло маички, колоритни кардигани, кожни ракавици, чизми и многу, многу џинс .

Интересно, но колку повеќе Стив Меквин инсистирал на џинс во своето секојдневие, Ролекс инспириран од него како лик ќе дизајнира и менува еден од своите часовници нарекувајќи го Explorer, а официјално постои како McQueen Rolex.


Дополнително Tag Heuer Monaco часовник кој Стив Меквин го носи во филмот Le Mans 1971, компанијата во 1990 година ќе го извади повторно на пазарот.
Инаку има учествувано на трката Le Mans која трае 24 часа, која впрочем и ќе го инспирира да почне со снимањето на истоимениот игран филм.


Умира од рак на грло поради присуство на азбест во организмот, а подоцна е откриено дека го имало во спортските одела за автомобилисти во 60т-ите години од минатиот век.

 

Објавено:
30 март 2017
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
127 пати