Постојат дами на кои едноставно им од од рака да го спојат она што на многумина не им оди, а изгледа едноставно.

Кралицата Летиција од Шпанија е една од нив, ако и не најдобра во тоа. Некои ќе кажат дека е остра конкуренција на Војвотката од Кембриџ, а други пак дека е без конкуренција.

Во која група и да сте, ќе се согласите дека таа има беспрекорен стил, а дури и кога ги крши правилата и тоа го прави да си помислите дека така треба.

Родена е како Летиција Ортиз Рокасолано на 15-ти септември 1972 година во Овиједо, Шпанија, како ќерка на новинарот Хесус Ортиз и неговата прва сопруга, медицинската сестра Марија Рокасолано. Една година подоцна, се раѓа нејзината сестра, Телма, а во 1975 година се раѓа и третата сестра, Ерика.

Летиција, ќе го започне школувањето во родното место, а потоа во Мадрид, каде ќе се пресели целото семејство. Страста кон новинарството ја наследува од татко си, па ќе дипломира токму на новнарство на универзитетот „Компултенсе“ во Мадрид, по што ќе запише и мастер студии за аудиовизуелно новинарство.

Новинарската кариера ја започнува во весникот „Ла нуева Еспања“, по што менува повеќе медиуми и новински агенции и станува препознатливо медиумско лице. Била дел од „Си-Ен-Ен Плус“, а во 2000-тата се вработува на националната шпанска телевизија ТВЕ во информативната редакција.

Три години подоцна, работи во најгледаната емисија на првиот канал на ТВЕ, бо дневникот во ударниот термин.

Родителите се разведуваат во 1999 година, а Хесус потоа се жени по втор пат со новинарката Ана Тогорес.

И таа има еден брак зад себе. Првпат се мажи за писателот и професор по книжевност, Алонсо Гверера Переза, и тоа во 1998 година. По десет години забавување, тие прават греаѓанска венчавка, но бракот трае само една година.

На изненадување на јавноста, во ноември во 2003 година, беше објавена веридбата на Летиција со принцот Фелипе. Потоа, таа преминува да живее во краската палата Сарсуела.

Венчавката се случи на 22 мај 2004 година во Мадрид. После сто години, некоја кралска венчавка е одржана во престолнината.

Со Фелипе имаат две ќерки, Леонор и Софија и живеат на имот во рамки на палатата „Сарсуела“.

Во 2007 година пак, семејството ќе доживее голем шок и ќе се збогува со најмалиот член, Ерика. Таа е пронајдена мртва во својот стан во Мадрид, како последица од преголемата доза наркотици.

Таа е една од омилените личности во Шпанија, но и ширум светот. Активна е на бројни манифестации од хуманитарен карактер, каде што може да се види и нејзиниот беспрекорен стил.

Елеганцијата и спојот на класичното и модерното е она што го одликува нејзиниот стил. Често и со задоволство соработува со шпанските дизајнери, а секако креациите од светскипознатите модни куќи се дел од нејзиниот гардеробер.

Исто така, умее да ја спои високата мода со економичноста. На пример, на приемот во чест на амбасадорот во кралската палата во Мадрид, Летиција носеше долг бургунди фустан, креација на дизајнерот Фелипе Варела. Дискретниот вез на одредени моменти даде и етно нота, но она што модните критичари го забележаа е накитот што го комбинираше со скапоцената креација. Обетките се исто така од шпански бренд, но мошне евтин, а за тоа говори и податокот дека чинат околу пет фунти, а изгледаат како да се повеќекратно поскапи.

-Таа е жена на ова време, образувана и многу културна. Кога се омажи, Летиција не беше свесна каква улога ќе има. После повеќе од една деценија брак, сфати дека ја чека огромна одговорност – изјави во една пригода шпанскиот новинар Коте Виљар.

За тоа дека одлично ја сфатила улогата, говорат и фотографиите во галеријата.

Објавено:
21 април 2017
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
966 пати