Лорен Санто Доминго име кое во модниот свет ги отвора сите врати

14 јуни 2013

Името Лорен Санто Доминго за само неколку години стана едно од најеминентните имиња на современата модна сцена. Освен семејната поткрепа, оваа русокоса богата девојка која живее на Менхетен во Њу Јорк, својата целосна интеграција во модната индустрија му ја должи на професионалниот продор кој го има направено со нејзината сопствена виртуелна оаза, Мода Операнди.

 

 

Триесет и седум годишната Лорен, е ќерка на бившиот извршен претседател на Perrier компанијата. Таа своето место под сонцето, после дипломирањето во Јужна Каролина, го пронашла со тоа што се преселила во Њу Јорк, и веднаш по завршувањето на студиите почнала да се интересира и да работи мода. После неколку телефонски разговори, ова  девојка, својата прва работа ја добила во американскиот Вог, каде работи како моден асистент. После тоа Лорен почнува да работи како ПР директор на една париска крзнарска куќа Ј. Мендел, каде им помага да ја лансираат нивната ready-to-wear колекција, а освен тоа своите ПР вештини ги покажува и работејќи во модното ателје на Каролина Херера.

 

 

Во 2005 година Лорен се враќа во американскиот Вог, каде добива поголема функција, преземајќи ја титулата на ко-автор соработник, што значи, во склоп на својата колумна, да ги посетува домовите на највлијателните жени од њујоршките модни кругови, создавајќи од своето име мал бренд.

 

 

Во 2010 година, откако веќе сите беа добро запознаени со нејзиниот лик и дело одлучува да создаде свој сопствен бизнис. За да не биде запаметена како уште една во редот њујоршки богаташки кои имаат премногу слободно време, и премногу пари на банковна сметка, Лорен се здружува со Аслауг Магнусдотир, бивша извршна претседателка на Gift групацијата, и голем моден покровител со кој ја втемелува базата за веќе добро познатата веб адреса за луксузен шопинг Мода Операнди.

 

 

Нивниот сопствен бизнис пред три години, беше прв од таков вид, за што Мода Операнди денес прерасна во неверојатно успешна онлајн адреса, која ја има довербата на клиенти со подлабок џеб и префинет вкус. Под мотото „носете ја утрешната мода, денес“, Мода Операнди на своите клиенти им ги понуди најновите колекции на Проенза Шулер, Александер Ванг, Исабел Марант, кој се само дел од плејадата на луѓе и модни куќи со кои имаат соработка. Уживајќи во модните парчиња месеци пред да стигнат на полиците и рафтовите во бутиците, момент кој го обожаваа сите оние кои можеа да платат и да си дозволат задоволство од ваков вид. Тие всушност се и најголемата причина зошто бизнисот на Лорен Санто Доминго и покрај рецесијата расцвета за толку кратко време.

 

 

Освен што води исклучително успешна дејност, профилот на Лорен Санто Доминго ни открива дека се работи за типична припадничка на њујоршкото високо друштво. Иако и претходно ги посетувала сите важни гала вечери во градот, Лорен својот врв во елитното општество го достигна со мажењето за Андрес Санто Доминго, наследник на најбогатата колумбиска фамилија.

 

 

Нејзината свадба е прогласена за свадба на годината, а американски Вог во своето мартовско издание и посвети прилог од дури 10 страни, на кои се прикажани ексклузивни фотографии на Лорен која носи два специјално изработени фустани од Оливие Тескинс дизајнер за Нина Ричи. Луѓето кои беа дел од оваа гламурозна церемонија посведочија дека ништо не би можело да го надмине нивното колумбиско венчавање.

 

 

Откако е на позицијата ко-основач и креативен директор на Мода Операнди на оваа атрактивна русокоса и е достапно се што е најдобро од светската мода, а судејќи по нејзиниот префинет стил, јасно е дека Лорен и те како ги искористува своите бенефиции кои и ги нуди работата.  Ана Винтур и модното дуо Проенза Шулер, се вбројуваат во кругот на едни од најдобрите нејзини пријатели. Модните медиуми и ја залепија етикетата најпрепознатлив стилски авторитет на денешницата, споредувајќи ја со Каролина Бесет Кенеди, кога е во прашање личниот стил и со Брук Астор кога е во прашање животниот стил.

 

 

Лорен денес живее на релација Њу Јорк Парис, каде на Менхетен ужива во својот луксузно наместен пентхаус, додека во Париз поседува раскошна резиденција од  18 век во која често се одржуваат забавите кои ги организира модното списание Вог за специјално одбрана модна фела.

 

 

За нејзиниот приватен живот релативно малку се пишува, освен тоа дека таа и нејзиниот сопруг имаат две деца. Нејзиното име прв пат се спомнува во негативна конотација, кога медиумите по само неколку дена од одржувањето на годинешните Costume Institute на гала вечерта која се одржала под покровителство на Мода Операнди, ја разоткрија приказната како Лорен го раскинала своето партнерство со својата до неодамнешна пријателка Аслауг Магнусдотир.

 

 

Многу прашина се крена за тоа кои се причините за нејзиното напуштање на Мода Операнди, а некои извори открија дека поради не доволна инволвираност во овој бизнис сектор морало некој друг да го преземе водството на компанијата. Од друга страна пак Њу Јорк Пост објави за несогласувањата помеѓу Доминго и Магнусдотир, каде според известувачот се кажани тешки зборови,  а измеѓу другото Лорен наводно оценила дека Аслауг нема доволно кул имиџ за нивниот бренд.

 

 

Било како било, несомнено е дека името на Лорен Санто Доминго ќе биде едно од најспомнуваните во модата и наредниве години, бидејќи оваа њујорчанка не ги крие своите големи амбиции кои ги има за својот бренд.

 

 

 

 

Објавено:
14 јуни 2013
Категорија: 
Модна икона