Марлен Дитрих култна икона од филмското платно

26 септември 2013

Таа е дефиниција за холивудски гламур. Една од пионерките која почна да го промовира андрогениот стил. Марлен Дитрих беше синоним за класична женска убавина во периодот на своите кулминативни мигови во Холивуд, а денеска е култна икона која остави свој печат како извноредна актерка на филмското платно и како автентична муза во модниот свет.

 

Германско-американаската актерка изгледала подеднакво привлечно и со машко капче на глава и со елегантна фризура и гламурозна бунда. Едноставно таа знаела да ги носи парчињата на себе.

Во периодот на 30-те и 40-те години била една од најскапо платените актерки во Холивуд, а нејзиниот шарм и магична привлечност го инспирирале режисерот  Јозеф фон Штернберг чија муза била долг период.

За време на нејзината долготрајна кариера, Дитрих постојано се трансформирала, и професионално и во однос на својот изглед: започнува како пејачка во кабарехористка и филмска актерка во Берлин во текот 1920тите години за во наредната деценја да биде вистинска холивудска ѕвезда; потоа станува забавувачка на фронтовската линија за време на Втората светска војна и меѓународен сценски изведувач, за на крајот, конечно, да се претвори во култна икона на 20-тиот векАмериканскиот Филмски Институт ја прогласува Дитрих за деветта најголема женска филмска ѕвезда на сите времиња.

 

Објавено:
26 септември 2013
Категорија: 
Модна икона