Никол Кидман – модна кралица на Кан

27 мај 2017

Иако има уште два дена до завршувањето на филмскиот фестивал во Кан, сепак, доколку постоеше „Златна палма“ за најдобро облечена ѕвезда на црвениот килим, оваа година тоа секако ќе беше Никол Кидман.

Таа на јубилејното, 70-то издание на фестивалот покажа непогрешлив стил, што дури и оние што можеби не се занимаваат со модата од стручен аспект, знаеја да го препознаат.

Инаку, Канскиот филмски фестивал е еден од нејзините омилени. Во 2013 година беше дел од жирито, а во 2015 со остварувањето „Грејс Кели“, каде Кидман ја толкува главната улога, настанот беше прогласен за отворен

Годинава пак е дел од четири остварувања „Top of The Lake“ (Jane Campion), „The Killing of a Sacred Deer“ (Yorgos Lanthimos), „The Beguiled“ (Sofia Copola) и „How to Talk to Girls at Parties“ (John Cameron Mitchell).

Веќе е познато дека кога се црвените килими во прашање, за стилот на оскаровката се грижи стилистката Јулиа фон Боем, која годинава беше прогласена за една од петте највлијателни стилистки во Холивуд.

Родарте

Модните стручњаци ќе кажат дека откако Кидман почнала да соработува со неа, излезе од сенката, ја врати славата од старите денови, кога важеше за кралица на црвениот килим и со тоа сосема се согласуваме.

На 21-ви мај на премиерата на „How to Talk to Girls at Parties“, се појави во златно-сребрена креација на „Родарте“ со карнери во предниот дел.

Диор

Следниот ден, резервиран за остварувањето „The Killing of a Sacred Deer“ , се појави во две изданија  - дневното, одличната креација на „Диор“ од последната колекција посветена на Висока мода и вечерно, каде буквално го украде сето внимание.

За тоа придонесе и креацијата со тул од „Calvin Klain by Appointment“, на која се работело 300 часа.

Калвин Клајн

На 23-ти мај Кидман беше вистинка бохо божица.

Потоа следеше прес-конференцијата за „ Top of The Lake“, каде Кидман се појави во црн фустан со карнери од пред-есенската колекција за 2017 година на „Версаче“.

Версаче

На 24-ти мај се случи конференцијата за остварувањето на Копола „ The Beguiled“, каде Кидман покажа уште едно бохо-креација, овој пат од пред-есенската колекција за 2017 година на Александар Меквин.

А.Меквин

Вечерта од седмиот ден од Канскиот филмски фестивал се случи и премиерата на споменатото остварување, а актерката овој пат ги освои симпатиите со тоалета од „Michael Kors Collection“.

Мајкл Корс

Исто така, се случи и амфар забавата, на која Кидман носеше креација и од „Шанел“ од пред-есенската кутур колекција.

Објавено:
27 мај 2017
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
2.546 пати