Доколку сте обожавател на оваа ултра талентирана музичка дива, тогаш сигурно знаете дека на 21 – ви октомври таа го објави новиот албум Joanne кој се најде на прво место на сите светски топ листи за многу кратко време.

Покрај новата музика која таа ја подготви заедно со Марк Ронсон за овој албум, со истиот дојде и нов стил за кој многумина ќе кажат дека е најдоброто нешто што ѝ се случило.

Откако изминатата година на доделувањето на Оскарите се појави во неодолив бел комбинезон на Брендон Максвел, знаевме дека тој е нејзината нова љубов.

Конечно, по долгата ера чудесни костими украсени со тантела, месо, ултра високи потпетици, откачени шапки и што уште не, Лејди Гага стана вистинска дама.

Доколку сте го слушнале нејзиниот албум, ќе ја разберете и нејзината поента и целата пресвртница околу стилот – Joanne се враќа на корените, а се чини и Лејди Гага исто.

Во последно време единствено можеме да ја видиме во црни и бели маички на куси ракави со едноставни фармерки или куси панталони, со исклучително дамски костими, со внимателно одбрани фустани, одлични аксесоари и едноставна и прибрана коса.

Како што самата ќе каже, конечно сакала сите да се посветат на нејзината музика и на текстовите што таа самата ги напишала, без вниманието да им биде одвлечено од впечатливите костими што ги носеше претходно.

„Отсекогаш сакав такви работи. Тоа не беше криење на чувствата, тоа беше експресија. Овој пат, мојот стил некако одеше природно како што одеше мојата нова музика. Таква бев во студиото, таква и ме гледате. Си реков дека не сакам да носам потпетици. Можеби затоа што во студиото постојано бев со момци, а со нив не можеш да правиш музика ако ги деконцентрираш поради јастогот на главата“, изјави Лејди Гага.

Она што е особено фасцинантно е дека нејзиниот стилист Брендон Максвел работеше заедно со Гага во двете фази од нејзиниот живот – и во оној кога таа обожуваше чудовишта и сега, кога им се враќа на основите.

Имено, пред да го лансира неговиот популарен бренд, Максвел работеше за Никола Формичети кој пак е на чело на дизајнерскиот тим во Haus of Gaga.

„Се сеќавам на фустанот со месо...ете ме мене, вегетаријанец, стојам пред Гага и го шијам и средувам токму тој фустан“, вели Максвел сеќавајќи се на периодот кога пејачката постојано сакаше да пробува различни стилови.

Со дама како Лејди Гага како муза, се чини дека Максвел прави одлична работа. Сѐ што таа носи во последно време е одраз на вистинската и искрена Стефани Џоан Анџелина Германота.

Објавено:
29 ноември 2016
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
472 пати