Облечете се за себе и ќе изгледате сјајно

31 јули 2017

Во интервју за магазинот Buro24/7, новинарката Џолин Кор разговара со француската икона на стилот Инес де ла Фресанж која ова лето полни 60 години и зад себе има богато искуство во модната индустрија.

Фото: afisha_daily_-_afisha

Од разговорот со оваа дама која важи за олицетворение на парискиот шик, ќе извлечете неколку клучни поенти на тема личен стил, како да го прифатиме стареењето, минливоста на модата и за сметка на ова безвременоста на личниот стилски идентитет.

Фото: cosmopolitan

Инес е поранешна манекенка, а денес дизајнерка и амбасадор на бројни познати брендови. Нејзиниот стил е ненаметлив, опуштен и токму тоа е нејзиниот „X" фактор благодарение на кој од себе создала бренд.

Фото: view_sofia

На прашањето Што за вас значи мода, Инес одговара дека штом конечно сфатиме за што се работи, тоа веќе е старо и демоде – едноставно не е можно постојано да се следи.

„Игнорирајте ја модата – тоа е најдобар начин да создадете свој сопствен стил. Никогаш немојте да копирате, но бидете информирани. И имајте храброст", вели Инес во интервјуто.

Фото: anna_vedeneeva

Разговорот продолжува со акцент на индивидуалноста.

„Облекувајте се за себе, во она во кое вие се чувствувате добро и така ќе изгледате сјајно. Французинките се облекуваат така што во себе ја бараат самодовербата. Тие знаат дека, ако се чувствуваат добро, можат да заведат кого сакаат, а истовремено не заведува нивната облека, туку нивниот карактер", советува Инес.

Фото: pinterest

Во интервјуто се отвора и прашањето за стареењето и како да се соочиме односно да го прифатиме овој природен процес. По ова прашање, Инес има интересен став.

Фото: liveinternet

„Број еден е да не се трудите да изгледате младо, само старите жени се опседнати со тоа. Второ, одете во „high street" продавниците и на други места со поевтина облека. Трето, секогаш смејте се затоа што така брчките нема многу дави се гледаат. Никогаш немојте да го носите целиот свој накит наеднаш и за крај, слушајте Rolling Stones и танцувајте!".

Објавено:
31 јули 2017
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
1.099 пати