Ова се модните икони меѓу писателите

5 ноември 2014

Кога е стилот и модата кај писателите во прашање, голем број од луѓето би суделе според книгите што ги пишувале. Но, и тука важи онаа „Не суди и' на книгата според корицата“.  Иако повеќето автори се облекувале како аскети, без некој посебен естетски шмек, има и такви кои важат за таканаречени модни икони во светот на писателите, со изразено чувство за естетика, покрај нивните пишувачки вештини.

Во продолжение ви претставуваме неколку од нив

Џејн Остин

Џејн Остин Џејн Остин

Постојат само неколку современи фотографски описи на Џејн Остин, а се претпоставува дека оној од сестра и' насликан во акварел е најсоодветниот. На таа слика Џејн носи фустан со куси ракави и нагласена половина, со капа која има карнери но и од која ѕирка нејзината коса со кадрици. Овој изглед доби голема популарност, па се среќава во многу филмови, невестински колекции, а како инспирација служи и денес. Постојат податоци кои велат дека Остин не била преокупирана со мода, дел од ликовите што ги создавала во книгите, покажуваат добра смисла за мода. И покрај тоа, оваа писателка се наоѓа на листата на модни икони меѓу писателите токму поради нејзината едноставност и доследност во стилот.

Оскар Вајлд

Оскар Вајлд Оскар Вајлд

Некои од најпознатите мисли за модата и стилот се токму од Оскар Вајлд. Некои ги кажал и самиот, некои преку неговите ликови, но она што е сигурно дека имал одлична смисла за естетика, а со тоа и за мода. Токму затоа е и една од стилските икони во светот на писателите, препознатлив по своите наметки, палта од крзно, куси панталони, шапките, палтата на дворедно закопчување...Она на што исто така бил горд, а воедно е уште една негова перпознатливост е црната, густа и сјајна коса, на која не само мажи туку и жени можат да му позавидат.

Едмунд Спенсер

Едмунд Спенсер Едмунд Спенсер

Спенсер чувството за мода го наследува од својот татко кој работел како шнајдер. Она по што Спенсер се памети е раскошниот околувратник, за кој многумина знаеја да кажат дека и' пркоси на гравитацијата.

Дона Тарт

 

Дона Тарт Дона Тарт

И покрај тоа што е многу ниска (во литературните кругови нејзината висина ја споредуваат со онаа на Лолита), многу мистериозна, Дона е позната и по својот стил. Пореланската кожа, боб-фризурата и стилот инспириран од машки парчиња и униформи, придонесува уште повеќе за нејзината мистериозност, но и доминантност.

Ернест Хемингвеј

Ернест Хемингвеј Ернест Хемингвеј

Кога би го виделе Ернест Хемингвеј, никогаш не би помислиле дека пишува бајки. Покрај тоа што е одличен автор и борец, Хемингвеј важи за еден од вистински најмажевни фигури во светската литература, а џемперите и брадата биле неговиот заштитен знак.

Објавено:
5 ноември 2014
Категорија: 
Модна икона